Пчеларство, екологија на растенијата и биодиверзитет во пчеларството ќе бидат главните теми на кои ќе се дискутира од 6-8 ноември во Рим, на вториот по ред Меѓународен симпозиум АпиЕкоФлора и Биодиверзитет, спонзориран од Меѓународната пчеларска асоцијација Апимондија во соработка со Италијанската пчеларска федерација и Универзитетот Тор Вегата од Рим.
На симпозиумот ќе присуствуваат делегати од цел свет, повеќе италијански универзитети ќе ги претстават своите истражувањата од областа на пчеларството, растенијата и биодиверзитетот, а свои презентации ќе имаат и претставници на Светската организација за храна-ФАО и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации.
Главната цел на АпиЕкоФлора е да се стимулира и подобри соработката помеѓу истражувачките институции, пчеларите и пчеларските здруженија, фармерите и сите други засегнати страни, со цел да се воведат нови методи и пракси и одржливото пчеларење да се крене на повисоко ниво, бидејќи само стабилно и одржливо пчеларство може да обезбеди квалитет и квантитет во земјоделското производство.
Комплетната програма можете да ја погледнете на официјалната интернет страна на АпиЕкоФлора.