Категорија: Пчеларник

  • „Пчеларството е исплатлива инвестиција“ – Интервју на Македонско радио со „Пчеларство Митревски“

    „Пчеларството е исплатлива инвестиција“ – Интервју на Македонско радио со „Пчеларство Митревски“

    [dropcap]В[/dropcap]о радио емисијата „Боите на Македонија“, емитувана на 21 ноември 2018 година на Првата програма на Македонското радио, гостуваше брачниот пар Марина и Марјан Митревски, реномирани пчелари и сопственици на пчеларската фарма „Пчеларство Митревски“. Во интервјуто тие говореа за нивните почетоци, за начинот на кој тие пчеларат, за локациите на нивните пчеларници, значењето на пчеларските здруженија, а на слушателите им ги наведоа и бенефитите од користењето на пчелните производи. Според пчеларскиот пар Митревски, пчеларството е инвестиција чии резултати се видливи дури после неколку години, но во секој случај доколку се работи посветено и со љубов, е исплатлива. Нивен рецепт за успех во оваа дејност е комбинацијата од напорна работа, големата љубов кон пчелите и уживање во убавините на природата.

    Целото интервју можете да го најдете на видеото подолу:

  • Анализа на производството и на пазарот на мед и останатите пчелни производи во Република Македонија

    Анализа на производството и на пазарот на мед и останатите пчелни производи во Република Македонија

    [dropcap]И[/dropcap]стражувањето под наслов „Анализа на производството и на пазарот на мед и останатите пчелни производи во Република Македонија“ презентирано во вид на постер презентација која проф. д-р Хрисула Кипријановска од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје со своите студенти Мирољуб Голубовски и Мирослав Трајковски ја претставија на Апимондија 2017 во Истанбул, Турција, го анализира производството на мед и останатите пчелни производи и нивниот пласман во Република Македонија. Анализата е изработена врз основа на податоците од Светската организација за храна (ФАО), Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот завод за статистика  и податоци од анонимна анкета спроведена меѓу пчеларите во државава.

    Според истражувањето, првите официјални податоци за производството на мед во Република Македонија се оние според ФАО и датираат од 1992 година. Во периодот од 1992 до 2015 година производството на мед во Македонија бележи големи осцилации (од 1608 тони во 1992 год. до 603 тони во 2012 год.). Во овој период забележани се осцилации и кај бројот на кошници со пчели, од 77600 во 1992 год. до 53439 во 2009 год. со просечно производство на мед од 14 кг. по пчелно семејство. Произведениот мед генерално се пласира на домашниот пазар, главно преку продажба „од врата на врата“, потоа преку продажба на зелените пазари и преку продажба „на големо“ на откупувачите на мед. Просечната цена на медот во малопродажба е 5,7 евра/кг, а при откуп на големо цената изнесува 3,7 евра/кг. Според студијата, кај нас има 7 регистрирани капацитети за производство, преработка, откуп и пакување на мед. Тие се исто така и извозници и увозници на мед.

    Анализата на производството и продажбата на останатите пчелни производи во Република Македонија е направена врз основа на податоци собрани преку анонимни прашалници пополнети од македонските пчелари. Собраните и преработени податоци покажуваат дека 72% од пчеларите произведуваат пчелен восок, 32% произведуваат полен, 26% произведуваат матичен млеч, 60% произведуваат прополис и ниту еден не произведува пчелен отров. Според податоците, во Република Македонија годишно се произведуваат околу 10 тони восок, околу 2,5 тони полен, 100 кг матичен млеч и 1,5 тони прополис. Анализата вели дека цените на пчелните производи се движат од 2,4 до 5,7 евра/грам матичен млеч, 26 евра/кг полен, во просек 37,4 евра/кг прополис, 5,7 до 6,5 евра/кг претопен восок и 9,7 евра/кг изработени восочни основи.

  • Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

    Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

    [dropcap]П[/dropcap]челарството сè повеќе се сфаќа како сериозна дејност и можност за успешен семеен бизнис. Потенцијалот и перспективите кои ги нуди државава за развој на оваа гранка се големи. Токму затоа потребна е поголема искористеност на сите ресурси, постојана едукација на пчеларите и истражување на можностите да се дојде до поголеми приноси во пчеларството.

    Токму на оваа тема, а и за останати пчеларски прашања, говори Иван Додевски, сопственик на пчеларската фарма „Додевски“, во емисијата „Профит“ емитувана на „Наша ТВ“. Младиот, но искусен Додевски е пример за успешен пчелар, кој би требало да го следи секој оној кој има намера на пчеларството да смета како сериозен семеен бизнис.

    Комплетната емисија „Профит“ посветена на пчеларството погледнете ја во следниве видеа:

  • Сè што треба да знаете за селењето на пчелите (Видео)

    Сè што треба да знаете за селењето на пчелите (Видео)

    [dropcap]С[/dropcap]елидбата на пчелните семејства е нешто без што современото пчеларење не може да се замисли. Селењето е сложен процес, кој за да биде успешно изведен, бара исполнување на повеќе елементи (соодветни превозни средства, човечки ресурси, временски рокови, одредени административни процедури и др.). Искусниот пчелар Љупчо Станковски, во емисијата за земјоделство Агроспектар, во видеото подолу во детали објаснува за потребата, начинот, методите и сè она што е потребно за правилно селење на пчелите.

  • Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    [dropcap]О[/dropcap]вој период треба да се обрне особено внимание на вароата, бидејќи подоцна може да има сериозни последици, препорачува Раде Каранфиловски, искусен пчелар од Битола. Тој во емисијата за земјоделство „Бразди“, ги објаснува најновите препораки во однос на летното третирање на крлежот со оксална киселина. Во интервјуто ја образложи потребата за ова летно третирање, како и начинот на подготовка на растворот за второ третирање со оксална киселина.

    Освен за вториот третман со оксална киселина, Каранфиловски зборува и за состојбата со пчелните семејства во досегашната пчеларска сезона и активностите на пчеларникот во периодот што следи.

  • Д-р Јане Марков, претседател на ПЗ „Матица“: Променливите надворешни температури можат да предизвикаат стрес кај пчелите (Видео)

    Д-р Јане Марков, претседател на ПЗ „Матица“: Променливите надворешни температури можат да предизвикаат стрес кај пчелите (Видео)

    [dropcap]Т[/dropcap]оплото време кое го зафати регионов, може да биде незгодно за пчелите. Потрошувачката на храна се зголемува поради големиот број на снесени јајца од страна на матицата, а со нагло заладување на времето постои можност пчелите да ги напуштат снесените јајца и младото легло, поради што лесно може да се појават и болести, вели д-р Јане Марков, пчелар и претседател на пчеларското здружение „Матица“-Скопје во делот од емисијата „Бразди“ на Канал 5 ТВ, посветен на пчеларството.

    Во разговорот, д-р Марков зборува и за проблемите со кои се соочуваат пчеларите во моментов, за помошта од државата наменета за пчеларите, ги советува потрошувачите на мед како правилно да набават чист и квалитетен мед, а колегите пчелари ги потсетува кои активности се изведуваат на пчеларникот во периодот што следува.

    Видеото со разговорот погледнете го подолу

  • Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    [dropcap]П[/dropcap]челарите сè почесто ги напуштаат старите начини на третирање на пчелите против вароа при кои се користат најразлични хемиски препарати штетни по здравјето на пчелите, по квалитетот на пчелните производи, дури и опасни по здравјето на човекот, а делумно ефикасни во уништувањето на крлежите. Решението е во препаратите добиени на природна основа, а меѓу нив како еден од поефикасните е и тимолот.

    Летниот третман против вароа со тимол и шеќер во прав се изведува во период кога надворешната температура не надминува 25°С. Третманот може да се изведе на повеќе начини, но за кој од нив да се одлучи пчеларот, подготовката на мешавината од тимол и шеќер е иста. За третирање на една кошница, 6 грама тимол во прав (ако е во кристали се меле) се мешаат со 24 грама шеќер во прав. Еден начин на аплицирање на смесата е нејзино распоредување на хартија или на половина страница од весник поставена на рамконосачите. Кај овој начин третманот се повторува четири пати на секои седум дена. Друг начин е запрашување на пчелите со смесата од шеќер и тимол. Со ситно сито мешавината (30 грама) се истура врз рамконосачите и помеѓу улиците со пчели. Остатокот задржан на рамконосачите, со четката за тресење на пчели нежно се турка низ улиците запоседнати со пчели. На овој начин голем дел од пчелите се запрашени. Ако се применува овој начин, тогаш третманот се прави два пати на секои четиринаесет денови.

    timol i seker

    timol i seker2

    timol i seker3

    Според експертите од Универзитетот Ататурк во Ерзурум, Турција и Универзитетот Аристотел во Солун, Грција, ваквиот начин на комбинирано делување со шеќер во прав и тимол во прав врз крлежите, резултира со 90% морталитет на вароата, ефикасност која денес не може да им се препише на многу препарати наменети токму за борба против крлежите.

  • Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

    Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

    [dropcap]С[/dropcap]елидбеното пчеларење е нешто без кое модерното пчеларење е незамисливо. Со искористувањето на три, четири, па и повеќе паши, тројно расте можноста за зголемување на количините на пчелни производи. Во емисијата ЕУ Фармер, посветена на пчеларството, се разгледуваат повеќе можности за унапредување и модернизирање на пчеларството како и зголемување на приходите од истото. Еден од гостите во емисијата, професионалниот пчелар од Србија, Миле Стоиловиќ, ги објаснува разликите во стационарното и селидбеното пчеларење, ги открива најбитните фактори за да се биде успешен пчелар, како и минималната бројка на кошници за едно пчеларско семејство да функционира нормално. Понатаму во емисијата, проф. д-р Мишо Христовски, меѓу другото ги образложува основните услови за бавење со пчеларство, а професионалниот пчелар од скопско Љубанци, Ацо Спасенцовски кој со голем успех пчелари стационарно и селидбеното пчеларење им го остава на помладите генерации на пчелари, раскажува за своите достигнувања во пчеларењето, односно пчеларењето со четириматични друштва и добивање на матичен млеч во кошница со седум матици истовремено присутни во една кошница.

    Видеото погледнете го подолу.

     

  • Состојбата со пчелните семејства оваа година (Видео)

    Состојбата со пчелните семејства оваа година (Видео)

    [dropcap]В[/dropcap]о емисијата „Бразди“, емитувана на Канал 5 телевизија, со централна тема посветена на пчеларењето, гостуваше Илчо Костадиновски, пчелар од Виница. Во разговорот беше направена анализа на досегашната состојба со пчелните семејства, актуелната ситуација со мед во кошниците, мерки на пчеларникот кои треба да се превземат овој период, техниките на пчеларење кои тој самиот ги применува, а беа дадени и препораки за пчеларите почетници.

    Целиот разговор погледнете го во видеото подолу.

  • Идеја за чистење на ханемановите решетки

    Идеја за чистење на ханемановите решетки

    [dropcap]Х[/dropcap]анемановата решетка е битен дел при одредени техники на пчеларење со некои типови на сандаци. Најчесто се изработени од метал, но често на пазарот се нудат и матични решетки од пластика и други материјали.

    Од причини познати само на пчелите, многу често на отворите на ханемановите решетки пчелите градат саќе кое доколку зафаќа поголема површина може да предизвика пречки во движењето на пчелите и отежната комуникација помеѓу пчелите во телата поделени со матичната решетка. Токму затоа доколку при преглед на семејствата кај кои се користат ханеманови решетки се забележи дивоизградено саќе, потребно е истото да се отстрани. Чистењето на отворите на матичната решетка најчесто се врши со рачни чешли наменети за таа цел, со кои процесот оди нешто побавно или со рачен бренер со чие користење постои можност дел од восокот да се оштети.

    Интересна идеја за брзо чистење на ханемановите решетки без загуби во восокот е чистење со користење на топловоздушен фен. Ваквите фенови можат да се најдат и по ниски цени, а освен за оваа намена пчеларот може да го користи и за други цели како што се топење на прополис, отстранување на боја од кошниците и сл.

    fen2