Ознака: вароа

  • Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    Второ третирање со оксална киселина (Видео)

    [dropcap]О[/dropcap]вој период треба да се обрне особено внимание на вароата, бидејќи подоцна може да има сериозни последици, препорачува Раде Каранфиловски, искусен пчелар од Битола. Тој во емисијата за земјоделство „Бразди“, ги објаснува најновите препораки во однос на летното третирање на крлежот со оксална киселина. Во интервјуто ја образложи потребата за ова летно третирање, како и начинот на подготовка на растворот за второ третирање со оксална киселина.

    Освен за вториот третман со оксална киселина, Каранфиловски зборува и за состојбата со пчелните семејства во досегашната пчеларска сезона и активностите на пчеларникот во периодот што следи.

  • Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    Ефикасен метод за летно третирање против вароа со тимол и шеќер во прав

    [dropcap]П[/dropcap]челарите сè почесто ги напуштаат старите начини на третирање на пчелите против вароа при кои се користат најразлични хемиски препарати штетни по здравјето на пчелите, по квалитетот на пчелните производи, дури и опасни по здравјето на човекот, а делумно ефикасни во уништувањето на крлежите. Решението е во препаратите добиени на природна основа, а меѓу нив како еден од поефикасните е и тимолот.

    Летниот третман против вароа со тимол и шеќер во прав се изведува во период кога надворешната температура не надминува 25°С. Третманот може да се изведе на повеќе начини, но за кој од нив да се одлучи пчеларот, подготовката на мешавината од тимол и шеќер е иста. За третирање на една кошница, 6 грама тимол во прав (ако е во кристали се меле) се мешаат со 24 грама шеќер во прав. Еден начин на аплицирање на смесата е нејзино распоредување на хартија или на половина страница од весник поставена на рамконосачите. Кај овој начин третманот се повторува четири пати на секои седум дена. Друг начин е запрашување на пчелите со смесата од шеќер и тимол. Со ситно сито мешавината (30 грама) се истура врз рамконосачите и помеѓу улиците со пчели. Остатокот задржан на рамконосачите, со четката за тресење на пчели нежно се турка низ улиците запоседнати со пчели. На овој начин голем дел од пчелите се запрашени. Ако се применува овој начин, тогаш третманот се прави два пати на секои четиринаесет денови.

    timol i seker

    timol i seker2

    timol i seker3

    Според експертите од Универзитетот Ататурк во Ерзурум, Турција и Универзитетот Аристотел во Солун, Грција, ваквиот начин на комбинирано делување со шеќер во прав и тимол во прав врз крлежите, резултира со 90% морталитет на вароата, ефикасност која денес не може да им се препише на многу препарати наменети токму за борба против крлежите.

  • Вартерминатор-мравја киселина во поинаков облик за контрола на вароата

    Вартерминатор-мравја киселина во поинаков облик за контрола на вароата

    [dropcap]М[/dropcap]равјата киселина оправдано се наоѓа помеѓу поефикасните средства за борба против вароата. Добро е познато дека таа со голем успех ги убива крлежите во затвореното легло, но иако многу ретко, понекогаш се случува да предизвика одреден проблем во пчелното семејство. Новиот облик на средството за контрола на вароата на база на мравја киселина, а пуштено во промет пред неколку денови под името Вартерминатор е создадено и развиено токму со цел ефикасно да се справи со крлежите, а при тоа да биде сосема безбедно по пчелите. Вартерминатор претставува проѕирен гел кој содржи 36% мравја киселина во себе, спакуван во соодветна вреќичка сместена во херметички затворено пластично пакување.

    varterminator

    Аплицирањето на Вартерминатор се врши на температура помеѓу 15°C и 35°C, а техниката се состои во едноставно отпакување на пластичното пакување и поставување на вреќичката со гел врз рамконосачите. Еден третман со ова средство се врши со две вреќички со гел кои остануваат во кошницата 10 денови, период по кој е потребно да се постават нови две пакувања со гел.

    varterminator2

    Структурата на Вартерминатор е создадена да продуцира пасивно испарување на мравјата киселина со што се герантира максималната безбедност на пчелите. Просечната акарицидна ефикасност на ова средство е 95%, а максималната забележана ефикасност изнесувала 99%.

    Засега овој производ го има само на пазарот во Италија, каде тамошните пчелари веќе имаат можност да ги испитаат неговите резултати и ефикасност независно од она што го декларира неговиот производител и што го покажуваат експерименталните резултати. Доколку Вартерминатор навистина покаже успех во делувањето, тогаш е јасно дека е потребна негова масовна распространетост, како во органското така и во конвенционалното пчеларење.

  • Поставување на градежна тест-рамка

    Поставување на градежна тест-рамка

    [dropcap]О[/dropcap]д многу битно значење за пчелното семејство после првиот пролетен преглед е да биде во режим на постојана работа. Затоа, при првиот преглед, во слободниот простор ја ставам тест рамката за контрола на работата на пчелите градителки…

       

    која подоцна може да биде искористена како рамка за биолошки метод за борба против вароата.

    Од голема важност е обезбедувањето на слободен простор за пчелите градежници, бидејќи на тој начин тие се ослободуваат од восочните кристалчиња, што е еден од условите да не започне роидбениот нагон.

    После извршената операција на додавање на тест рамката (во мојот случај 10-ти март), на 23-ти март направена е првата контрола на извршената работа, при што се гледа дека пчелите градежници почнуваат да ја влечат поставената тест-рамка.

    test ramka zapocnata

    При втората контрола на тест рамките (7 април), се гледа дека пчелите градителки кои се стари од 12-тиот до 18-тиот ден се многу вредни, односно се ослободиле од своите восочни кристалчиња, а со тоа и обезбедиле на матицата да го шири слободно своето легло, а останатите пчели да имаат континуирана работа без застој, што се гледа од фотографијата и се гледа дека тест рамката има трутовски ќелии и е нанесена со легло.

    nanesena test ramka

    Проверка на уште една пчелна заедница…

      

    при што се гледа дека трутовските ќелии се занесени со легло, а ова покажува дека пчелките градителки биле цело време ангажирани во текот на месец март, што претставува еден од главните фактори пчелната заедница да не влезе во роев нагон, но сега тест рамката ќе ни послужи како рам градежник за биолошка борба против вароата, при што на овој начин може да се уништи 30% од вароата.

    Потсетување низ фотографии за биолошкиот метод на борба против вароата:

    Тест рамките:

    ramki gradeznici 1 ramki gradeznici 2

    Поставување на тест рамката како претпоследна рамка помеѓу рамката со отклопен мед и рамката со полен…

    gradezna ramka na pretposledno mesto

    Млади пчели (Градителки) стари од 12 до 18 ден, на кои им се развиени восочните жлезди…

    mladi pceli graditelki mladi pceli graditelki 2 mladi pceli graditelki 3

    Изградени трутовски ќелии на кои има трутовско легло…

    kelii so trutovsko leglo

    Вароата полека се вгнездува во трутовското легло…

    varoa na trutovsko leglo varoa na trutovsko leglo2

    Затворено трутовско легло во кое е намамена вароата. Овој рам го вадиме…

    zatvoreno trutovsko leglozatvoreno trutovsko leglo 2

    и со извлекување на куклите се гледа дека вароата се наоѓа во ќелиите со трутовско легло…

    izvlecani trutovski kukli izvleceni trutovski kukli 2 izvleceni trutovski kukli 3 izvleceni trutovski kukli 4 izvleceni trutovski kukli 5

     

    Фотографии: Марјан Петровски