Вартерминатор-мравја киселина во поинаков облик за контрола на вароата

Мравјата киселина оправдано се наоѓа помеѓу поефикасните средства за борба против вароата. Добро е познато дека таа со голем успех ги убива крлежите во затвореното легло, но иако многу ретко, понекогаш се случува да предизвика одреден проблем во пчелното семејство. Новиот облик на средството за контрола на вароата на база на мравја киселина, а пуштено во промет пред неколку денови под името Вартерминатор е создадено и развиено токму со цел ефикасно да се справи со крлежите, а при тоа да биде сосема безбедно по пчелите. Вартерминатор претставува проѕирен гел кој содржи 36% мравја киселина во себе, спакуван во соодветна вреќичка сместена во херметички затворено пластично пакување.

varterminator

Аплицирањето на Вартерминатор се врши на температура помеѓу 15°C и 35°C, а техниката се состои во едноставно отпакување на пластичното пакување и поставување на вреќичката со гел врз рамконосачите. Еден третман со ова средство се врши со две вреќички со гел кои остануваат во кошницата 10 денови, период по кој е потребно да се постават нови две пакувања со гел.

varterminator2

Структурата на Вартерминатор е создадена да продуцира пасивно испарување на мравјата киселина со што се герантира максималната безбедност на пчелите. Просечната акарицидна ефикасност на ова средство е 95%, а максималната забележана ефикасност изнесувала 99%.

Засега овој производ го има само на пазарот во Италија, каде тамошните пчелари веќе имаат можност да ги испитаат неговите резултати и ефикасност независно од она што го декларира неговиот производител и што го покажуваат експерименталните резултати. Доколку Вартерминатор навистина покаже успех во делувањето, тогаш е јасно дека е потребна негова масовна распространетост, како во органското така и во конвенционалното пчеларење.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.