Ознака: кошница

  • Вартерминатор-мравја киселина во поинаков облик за контрола на вароата

    Вартерминатор-мравја киселина во поинаков облик за контрола на вароата

    [dropcap]М[/dropcap]равјата киселина оправдано се наоѓа помеѓу поефикасните средства за борба против вароата. Добро е познато дека таа со голем успех ги убива крлежите во затвореното легло, но иако многу ретко, понекогаш се случува да предизвика одреден проблем во пчелното семејство. Новиот облик на средството за контрола на вароата на база на мравја киселина, а пуштено во промет пред неколку денови под името Вартерминатор е создадено и развиено токму со цел ефикасно да се справи со крлежите, а при тоа да биде сосема безбедно по пчелите. Вартерминатор претставува проѕирен гел кој содржи 36% мравја киселина во себе, спакуван во соодветна вреќичка сместена во херметички затворено пластично пакување.

    varterminator

    Аплицирањето на Вартерминатор се врши на температура помеѓу 15°C и 35°C, а техниката се состои во едноставно отпакување на пластичното пакување и поставување на вреќичката со гел врз рамконосачите. Еден третман со ова средство се врши со две вреќички со гел кои остануваат во кошницата 10 денови, период по кој е потребно да се постават нови две пакувања со гел.

    varterminator2

    Структурата на Вартерминатор е создадена да продуцира пасивно испарување на мравјата киселина со што се герантира максималната безбедност на пчелите. Просечната акарицидна ефикасност на ова средство е 95%, а максималната забележана ефикасност изнесувала 99%.

    Засега овој производ го има само на пазарот во Италија, каде тамошните пчелари веќе имаат можност да ги испитаат неговите резултати и ефикасност независно од она што го декларира неговиот производител и што го покажуваат експерименталните резултати. Доколку Вартерминатор навистина покаже успех во делувањето, тогаш е јасно дека е потребна негова масовна распространетост, како во органското така и во конвенционалното пчеларење.

  • Со паметна технологија против вароата

    Со паметна технологија против вароата

    [dropcap]М[/dropcap]ајтзапер е технологија која во насока на елиминирање на вароата ги комбинира биологијата на крлежот и физиката. На тој начин комплетно нуди нехемиска и еколошка контрола на вароата. Истражувањата на творецот на Мајтзапер, д-р Захари Хуанг од Универзитетот во Мичиген Стејт, потврдуваат дека овој изум има ефикасност и до 95% во контролата на вароата.

    Мајтзапер е електронска рамка градежник. Се поставува во кошницата како и секоја друга обична рамка. Пчелите ги извлекуваат ќелиите, а откако матицата ќе ги занесе, по одреден период и ги запечатуваат. Со оглед дека крлежите повеќе од 12 пати ги преферираат трутовските ќелии и дека во една ќелија со трутовска ларва може да има и над 20 единки на вароа, Мајтзапер е идеална средина во која се концентрира вароата.

    мајтзапер4

    Токму кога целосно или поголем дел од ќелиите на рамката се запечатени, пчеларот треба да превземе акција со поврзување на конекторот од електричната рамка со конекторот од напојувањето со електрична струја. Извор на напојување може да биде автомобилски акумулатор, сончев колектор или било која друга батерија од 12 V. Електрицитетот произведува доволно топлина да ги усмрти запечатените трутовски кукли и единките на вароа прикачени на нив и сместени во нивните ќелии. За 72 часа пчелите комплетно ги отстрануваат „испржените“ кукли и крлежи, ги чистат ќелиите, матицата повторно ги занесува со трутовско легло и процесот се повторува одново за 18-23 дена. Во делот од сезоната кога има активно создавање на трутови, овој процес може да се изведе 4-5 пати. Времетраењето на еден електричен третман по кошница е околу 8 минути.

    мајтзапер мајтзапер3

    За разлика од повеќето биолошки методи за контрола на вароата во кои е потребно сечење или замрзнување на трутовското саќе, отклопување и отстранување на трутовските кукли и повторно приморување на пчелите да градат, со Мајтзапер пчеларот, а и пчелите се поштедени од сето ова. Други предности се што не се потреби никакви пропратни третмани или дополнителна опрема, безбеден е по здравјето на пчеларот, пчелите, нивните производи и околината, рамката останува во кошницата голем дел од сезоната без никакви манипулации со неа, производителот нуди рамки со голем избор на димензии и скоро сите стандарди, идеална е за во органското пчеларење и др.

  • Фаќач за матици

    Фаќач за матици

    [dropcap]О[/dropcap]вој фаќач за матици овозможува брзо и лесно фаќање на матицата само со користење на една рака. Неговиот дизајн и конструкција прават обележувањето на матицата да биде сосема безбедно и едноставно. За разлика од популарниот цилиндар за фаќање и бележење на матицата со чија работа мора да се внимава на притисокот врз матицата, овој фаќач има безбедосен осигурувач, со кој клипот кој врши притисокот врз матицата се доведува на посакуваната, но безбедна позиција за обележување.

    фаќач2

    фаќач1

    При обележувањето на матиците, се препорачува наизменично да се користи пар од овие фаќачи. Додека матицата е обележана и е сместена кусо време во комората од првиот фаќач за да се засуши бојата, со вториот фаќач веќе се работи на ловење и обележување на матицата од друга кошница.

    Се препорачува на повозрасни пчелари, на пчеларите почетници, како и на сите кои сметаат дека не се доволно вешти при фаќањето и обележувањето на матиците.

    Цената на овој фаќач изнесува нешто помалку од 12 евра.

  • Клукајдрвецот-зимски непријател на пчелите

    Клукајдрвецот-зимски непријател на пчелите

    [dropcap]В[/dropcap]о периодот на зимското мирување на пчелите, на пчеларникот можат да се појават повеќе штетници, кои освен што го нарушуваат мирот во пчелната кошница, можат и да доведат до целосно угинување на семејството и покрај тоа што пчеларот ги превзел сите неопходни апитехнички мерки за успешно презимување на пчелното семејство. Еден од таквите пчелни штетници е и шарениот клукајдрвец.

    Пчелите и нивните ларви не се класична храна за шарениот клукајдрвец, но студените и долги зими можат да бидат причина за клукајдрвецот својата борба за опстанок и преживување да ја поведе и на пчеларникот. Клукајдрвецот ги напаѓа дрвените кошници, а забележани се случаи кога се нападнати и кошници од стиропор. Интересно е тоа што клукајдрвецот многу точно и прецизно избира каде е најтенкиот дел од ѕидот на кошницата и токму таму пробива дупка. Ова најчесто се случува на кошниците кај кои постојат изрезбани жлебови кон внатре, кои служат како рачки. Тој дел е најтенок и клукајдрвецот најлесно го пробива. При пробивањето на дупките пчелите се вознемирени, зимското клопче се растура, пчелите пробуваат да се одбранат па дел од пчелите паѓаат на подницата каде поради студот угинуваат, а дел стануваат храна за натрапникот. Како храна на клукајдрвецот можат да послужат и ларвите од пчелното легло, чие вадење од ќелиите не претставува потешкотија за долгиот и леплив јазик на клукајдрвецот. После оброкот клукајдрвецот го напушта местото, дел од саќето е уништено, а дупката која ја направил е преголема за да можат пчелите при убаво време да ја затворат и прополизираат, па преку неа многу често влегуваат глувци и студ кои се причина за дополнително нарушување на функционирањето на пчелното семејство и негово угинување.

    IFПомеѓу пчеларите постојат повеќе „техники“ за заштита доколку се забележат напади од клукајдрвците. Доколку се работи за помал број на кошници, добро решение е преку зимата тие да се завиткаат со мрежа чии отвори нема да пречат на пчелите, а ќе бидат непроодни за птиците. На пчеларници со повеќе семејства, пчеларите практикуваат на повисоки колци да закачат стари компакт дискови, ленти од видео или аудио касети или најразлични сјајни предмети кои предизвикуваат страв и одбивност кај клукајдрвците. Некои пчелари прават и најразлични страшила, а според некои, позитивен ефект врз одбивањето на клукајдрвците има поставувањето на пластични реплики на бувови или некои други грабливи птици на одредени места на пчеларникот.

    klukajdrvec3

    Доколку веќе настанала штета и кошниците се пробушени и оштетени, а за семејствата сеуште постои надеж за спас, дупките привремено се затвораат со пур-пена, силикон, мешавина од лепак и дрвени струготини, се залепува парче дрво врз дупката и слично, а на пролет и при поволни услови, оштетената кошница се заменува со здрава.

  • Катастрофална пчеларска сезона во Словенија

    Катастрофална пчеларска сезона во Словенија

    [dropcap]О[/dropcap]ваа година интерната шега меѓу словенечките пчелари е онаа дека единственото што го цедеа се нивните солзи. Горка шега, но реална. Дури и повозрасните словенечки пчелари велат дека досега не се сеќаваат на вака лоша сезона. Велат дека причината лежи во лошите временски услови и малкуте сончеви денови оваа година.Изминатите пет години, просекот на изваден мед по кошница беше 32 килограми, но оваа сезона пчеларите извадија просек од само 7 килограми по кошница, што претставува страшен удар за пчеларите и причина да се побара помош од Министерството за земјоделство. Од таму следуваше брза реакција и е најавена финансиска помош од 5 евра по кошница за пчеларите со над 20 кошници и бесплатна оксална киселина за пчеларите со помалку од 20 кошници.

    Во нормални пчеларски сезони во Словенија се произведуваат околу 2000 тони мед, а годинешнава количина изнесува дури помалку од една четвртина од наведеното производство. Поради намалената количина на високо квалитетен домашен мед, Словенија ќе мора да набави увозен мед.

    Производство на мед во изминатите 5 години во Словенија:

    2010- 32,33 кг/кошница

    2011- 36,26 кг/кошница

    2012- 15,02 кг/кошница

    2013- 35,79 кг/кошница

    2014- 7,03 кг/кошница.