Студеното време доаѓа, па помеѓу безбројте начини да се загреете, опуштите и заборавите на студот, медно.мк Ви нуди уште еден-рецепт за варено вино со мед.
Потребни состојки:
-750 ml црвено или црно вино
-вода (шоља наполнета 1/3)
– мед (шоља наполнета 3/4)
-цимет (се става по вкус)
-по желба при варењето можете да ставите и кора и парчиња од портокал, семки од калинка, ванила или неколку зрнца бибер, а кругови лимон при декорирањето.
Во метален сад се ставаат сите состојки и смесата се загрева, сè додека не почне тивко да врие и испарува. Се вари така уште 15-20 минути и се трга од оган. Се става во стаклени шољи или садови по избор, се декорира по желба и се пие во друштво.