Топлото време кое го зафати регионов, може да биде незгодно за пчелите. Потрошувачката на храна се зголемува поради големиот број на снесени јајца од страна на матицата, а со нагло заладување на времето постои можност пчелите да ги напуштат снесените јајца и младото легло, поради што лесно може да се појават и болести, вели д-р Јане Марков, пчелар и претседател на пчеларското здружение „Матица“-Скопје во делот од емисијата „Бразди“ на Канал 5 ТВ, посветен на пчеларството.
Во разговорот, д-р Марков зборува и за проблемите со кои се соочуваат пчеларите во моментов, за помошта од државата наменета за пчеларите, ги советува потрошувачите на мед како правилно да набават чист и квалитетен мед, а колегите пчелари ги потсетува кои активности се изведуваат на пчеларникот во периодот што следува.
Видеото со разговорот погледнете го подолу