Оваа година интерната шега меѓу словенечките пчелари е онаа дека единственото што го цедеа се нивните солзи. Горка шега, но реална. Дури и повозрасните словенечки пчелари велат дека досега не се сеќаваат на вака лоша сезона. Велат дека причината лежи во лошите временски услови и малкуте сончеви денови оваа година.Изминатите пет години, просекот на изваден мед по кошница беше 32 килограми, но оваа сезона пчеларите извадија просек од само 7 килограми по кошница, што претставува страшен удар за пчеларите и причина да се побара помош од Министерството за земјоделство. Од таму следуваше брза реакција и е најавена финансиска помош од 5 евра по кошница за пчеларите со над 20 кошници и бесплатна оксална киселина за пчеларите со помалку од 20 кошници.
Во нормални пчеларски сезони во Словенија се произведуваат околу 2000 тони мед, а годинешнава количина изнесува дури помалку од една четвртина од наведеното производство. Поради намалената количина на високо квалитетен домашен мед, Словенија ќе мора да набави увозен мед.
Производство на мед во изминатите 5 години во Словенија:
2010- 32,33 кг/кошница
2011- 36,26 кг/кошница
2012- 15,02 кг/кошница
2013- 35,79 кг/кошница
2014- 7,03 кг/кошница.