Aнтибиотик без лекарски рецепт

Познато е дека антибиотиците се микс од повеќе компоненти. Пред да се земе секој антибиотик, потребно е да се консултира лекар, а за да се купи истиот, потребен е лекарски рецепт. Но зошто да се земаат пилули, кога лекот го имаме во кујната или може да се купи без лекарски рецепт и да се зема без ограничувања и без следење на апликативни термини. Во листата од шест вакви делотворни природни антибиотици е и медот. Познато е дека медот бил користен како антибиотик уште пред да бидат познати, откриени и развиени антибиотиците. Денес, научно е докажано дека медот има антибактериско дејство и успешно лечи осипи на кожата, изгореници и рани. Медот ги чисти забите и устата од бактерии и го запира крварењето на непцата. Исто така, ефикасно ги лекува чиревите и плускавците. При лекување на рани и воспаленија, многу е важно да се избере вистинскиот мед за таа намена. Темниот мед има подобро антибактериско дејство, но мора да биде свеж и течен. Не смее да биде пастеризиран, затоа што на тој начин значително ослабува неговото антибактериско дејство.

Останатите пет продукти со природно антибиотско дејство се: лукот, жалфијата, циметот, ориганото и каранфилчето.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*