Во периодот од 16-ти септември до 16-ти октомври оваа година, во Калабрија, Италија, откриени се нови 17 случаи на присуство на возрасни единки на Aethina tumida. Се работи за 17 различни пчеларници чија местоположба е во радиус од 20-тина километри од местото каде што минатата година се појави болеста. Според италијанските ветеринарни служби, ова е зачудувачки факт, бидејќи последните заразени кошници биле забележани пред 9 месеци. Велат дека ова само покажува колку сериозно треба да се пристапува во борбата против овој паразит. Сите случаи на пчелни семејства позитивни на заразата се утврдени при редовните и законски пропишаните визуелни инспекции на кошниците.
Засега единствениот сигурен начин на елиминирање на паразитот е со палење на кошниците со пчели, метод кој кај италијанските пчелари е проследен со голем револт, особено по нецелосно исплатените лански оштети за изгорените кошници и пчелни семејства.