На 25/12/2014 година, во просториите на Сојузот на Стопански комори во Скопје, ќе се одржи осмата по ред средба на членовите на ПЗ „Матица“-Скопје.
Во едукативниот дел од средбата, со своја презентација ќе настапи Драги Спасенцовски, искусен пчелар од Скопје, кој ќе ги претстави начините и техниките на пчеларење и производство на матици на својот пчеларник.
Дел од средбата ќе биде наменет и за предлогот на големиот број на членови на здружението-измена на денот на одржувањето на едукативните состаноци.