Уште едно интересно решение за лесно и брзо декристализирање на медот. Мошне корисен во периодите со студено време. Пластичниот грејач се поставува така што се обвиткува околу надворешната страна на металниот сад во кој е сместен медот, се вклучува во струја и за неколку часа цврстиот и кристализиран мед станува течен и подготвен за пакување во тегли. Не постои ризик од прегревање на медот, а со тоа нарушување на неговата структура и претворање на корисните материи во бескорисни, па дури и штетни.
Во соседството, овој декристализатор може да се набави по цена од околу 30-тина евра.