Од многу битно значење за пчелното семејство после првиот пролетен преглед е да биде во режим на постојана работа. Затоа, при првиот преглед, во слободниот простор ја ставам тест рамката за контрола на работата на пчелите градителки…
која подоцна може да биде искористена како рамка за биолошки метод за борба против вароата.
Од голема важност е обезбедувањето на слободен простор за пчелите градежници, бидејќи на тој начин тие се ослободуваат од восочните кристалчиња, што е еден од условите да не започне роидбениот нагон.
После извршената операција на додавање на тест рамката (во мојот случај 10-ти март), на 23-ти март направена е првата контрола на извршената работа, при што се гледа дека пчелите градежници почнуваат да ја влечат поставената тест-рамка.
При втората контрола на тест рамките (7 април), се гледа дека пчелите градителки кои се стари од 12-тиот до 18-тиот ден се многу вредни, односно се ослободиле од своите восочни кристалчиња, а со тоа и обезбедиле на матицата да го шири слободно своето легло, а останатите пчели да имаат континуирана работа без застој, што се гледа од фотографијата и се гледа дека тест рамката има трутовски ќелии и е нанесена со легло.
Проверка на уште една пчелна заедница…
при што се гледа дека трутовските ќелии се занесени со легло, а ова покажува дека пчелките градителки биле цело време ангажирани во текот на месец март, што претставува еден од главните фактори пчелната заедница да не влезе во роев нагон, но сега тест рамката ќе ни послужи како рам градежник за биолошка борба против вароата, при што на овој начин може да се уништи 30% од вароата.
Потсетување низ фотографии за биолошкиот метод на борба против вароата:
Тест рамките:
Поставување на тест рамката како претпоследна рамка помеѓу рамката со отклопен мед и рамката со полен…
Млади пчели (Градителки) стари од 12 до 18 ден, на кои им се развиени восочните жлезди…
Изградени трутовски ќелии на кои има трутовско легло…
Вароата полека се вгнездува во трутовското легло…
Затворено трутовско легло во кое е намамена вароата. Овој рам го вадиме…
и со извлекување на куклите се гледа дека вароата се наоѓа во ќелиите со трутовско легло…
Фотографии: Марјан Петровски