Архива на привезоци: легло

Брз начин на формирање на нуклеуси

Eден многу успешен и брз начин за формирање на пчелни семејства-нуклеуси, кои до крајот на сезоната прераснуваат во јаки друштва, односно производни заедници за наредната година. Ова се прави што порано, но ова е и стратегија јаките друштва да не влезат во роидбен нагон. Овој оплодник на фотографијата (за две рамки ЛР), може и за ДБ го населувам со 1 ...

Повеќе »

Проширување на плодиштето, додавање второ тело, прва ротација со додавање на сатни основи

Месецот aприл е многу битен за нас пчеларите, овошките цветаат…   И ливадите почнуваат да ја покажуваат својата убавина…    Но за нас пчеларите најбитно е цветањето на јаболката…    што претставува многу битен показател за јачината на пчелните семејства и време кога треба да ги извршиме неопходните работи во пчеларникот, а тоа е додавање второ тело или ротација на ...

Повеќе »

Поставување на градежна тест-рамка

Од многу битно значење за пчелното семејство после првиот пролетен преглед е да биде во режим на постојана работа. Затоа, при првиот преглед, во слободниот простор ја ставам тест рамката за контрола на работата на пчелите градителки…     која подоцна може да биде искористена како рамка за биолошки метод за борба против вароата. Од голема важност е обезбедувањето на слободен ...

Повеќе »

Видови на стимулативна прихрана

Од многу битно значење за пчелното семејство во пролетниот период е да биде во режим на постојана работа, затоа при првиот пролетен преглед на пчелното семејство треба да се изврши стимулативна прихрана и за таа цел ја вадам крајната рамка со мед, го отварам медот… …и ја поставувам на крај, односно одалечена за една рамка, овозможувајќи со тоа слободен простор, ...

Повеќе »

Сè за првиот пролетен преглед

10-ти Март 2013 година, град Скопје, просечна надморска висина 250 метри, температура на воздухот 20 степени. Убав пријатен сончев ден, ливадите почнуваат да се будат со своите прекрасни цветови…   Леската е прецветана… Цветањето на врбата е на почеток, а пчелите тоа масовно го искористуваат…    Работите околу кроењето на дрвјата се завршени…    …а тоа е знак дека можеме ...

Повеќе »

Оценување на квалитетот на матицата

Матицата е најбитниот дел од пчелното семејство. Во зависност од условите, во активна сезона таа може дневно да снесе и над 1500 јајца. Колку повеќе јајца снесува, толку повеќе е јако и продуктивно нејзиното семејство. Матицата обично живее 5, па дури и повеќе години, но несењето значајно се намалува после втората или третата година. Со цел да го сочуваат семејството ...

Повеќе »

Клукајдрвецот-зимски непријател на пчелите

Во периодот на зимското мирување на пчелите, на пчеларникот можат да се појават повеќе штетници, кои освен што го нарушуваат мирот во пчелната кошница, можат и да доведат до целосно угинување на семејството и покрај тоа што пчеларот ги превзел сите неопходни апитехнички мерки за успешно презимување на пчелното семејство. Еден од таквите пчелни штетници е и шарениот клукајдрвец. Пчелите ...

Повеќе »

Фото-едукативен курс

Мал едукативен курс, кој би требало да им користи на почетниците пчелари. Низ неколку фотографии одлично е прикажан изгледот на рамка во здраво семејство и во семејства инфицирани од најразлични патогени. Изглед на здрава рамка, односно рамка од здраво семејство . Изглед на рамка од семејство заболено од неколку болести (варовно легло, мешинасто легло). Изглед на рамка од семејство заболено од варовно ...

Повеќе »