Брз начин на формирање на нуклеуси

Eден многу успешен и брз начин за формирање на пчелни семејства-нуклеуси, кои до крајот на сезоната прераснуваат во јаки друштва, односно производни заедници за наредната година.
Ова се прави што порано, но ова е и стратегија јаките друштва да не влезат во роидбен нагон.
Овој оплодник на фотографијата (за две рамки ЛР), може и за ДБ

го населувам со 1 рамка затворено легло со пчелите на неа, 1 кафеава празна рамка од која биле изведени неколку генерации легло и додаден матичник. Може да се додаде и купена матица.
Кога матицата ќе се оплоди не треба да се брза со нејзино вадење. Останува во оплодникот така што таа ќе ја нанесе и празната кафеава рамка.
Кога во оплодникот има 2 рамки со легло, земам нуклеус кој собира 6 рамки (прикажан на сликата)

и го населувам со 2-те рамки затворено легло од оплодникот и 2 рамки со затворено легло од јаките семејства, една рамка со храна и една восочна основа, така што се добива јак нуклеус со 4 рамки легло, 1 рамка храна и 1 рамка со восочна основа (вкупно 6 рамки). Со ова се потиснува и роидбениот нагон кај јаките семејства (на местото на одземените рамки се додаваат восочни основи или кафеави рамки), односно се создава работно расположение. Овој оформен нуклеус ја користи јунската паша, се проширува и до почетокот на август ќе прерасне во јако семејство кое во наредната година ќе биде производно семејство.

ВАЖНО:
-населувањето на оплодникот да биде со затворено легло од кое веќе почнале да излегуваат пчелите или од кое ќе излезат за 2-3 дена, поради варијабилните температури во тој период за пчелите да не се мачат да го греат леглото.

-населувањето на оплодникот е до средината на мај, (оваа година и малку подоцна).

-поради опасност од грабеж оплодникот се прихранува со цврста храна, додека кај нуклеусот може да се користи течна прихрана.

Cheap Live Sex

За Марјан Петровски

Искусен пчелар, кој меѓу колегите е познат како одличен практичар. Со пчелите се дружи уште од најмлада возраст. Пчелари во околината на Скопје, со околу 120 пчелни семејства во ЛР кошници. Секогаш е расположен за несебично споделување на своите ускуства, особено со пчеларите почетници.