Пријавување на украдени пчелни семејства

 

Кражбата на сандаци со пчели е појава со која пчеларите често се соочуваат. Ваквите криминални дела нанесуваат сериозни штети на пчеларите, знаејќи го фактот дека освен вредноста на самото пчелно семејство, кошницата и пчелните продукти во неа, значајна вредност има трудот вложен во подготовките на пчелносто семејство за претстојниот медобер или за неговото зазимување.
Главната идеја на оваа акција е преку Образецот за Пријавување на кражба на сандаци со пчели, на еден колегијален начин пчеларите да си помогнат меѓусебе. Доколку пчеларите забележат кошници чиј опис одговара со описот на украдените кошници наведен во образецот на оштетениот пчелар, објавен во делот на овој портал наменет за таа цел, се замолуваат за тоа да го известат пчеларот или порталот медно.мк.
Се охрабруваат сите пчелари доколку бидат жртви на крадец на пчелни семејства, покрај истрагата по институционален пат, да се обидат преку пополнување на формуларот и со помош на пчеларите да дојдат до својот украден имот и до сторителот на кражбата.

Освен главната цел, акцијата има и споредна цел, но не и помалку битна. Намерата е податоците од пријавените кражби на кошници со пчелни семејства, медно.мк регионално да ги подреди и мапира и со тоа да им го сврти вниманието и на пчеларите и на овластените лица. На пчеларите да им укаже во кои региони да бидат повнимателни при стационирање и селење на пчелите, а на надлежните органи каде да бидат поактивни во однос на ова прашање.

Образец за пријавување на кражба на пчелни семејства

Листа на пријавени кражби на пчелни семејства

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*