На традиционалната 6-та Студентска смотра на научни трудови, во организација на Студентскиот Парламент и Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која ќе се одржи на 15/12/2014 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, покрај останатите трудови ќе бидат и презентирани неколку трудови од областа на пчеларството. Презентери на трудовите ќе бидат повеќе студенти од ФЗНХ, кои под менторство на Проф. Д-р Хрисула Кипријановска и Доц. Д-р Александар Узунов, работеа на експерименти поврзани со производство на матичен млеч, квалитетот на погачите дадени при зимска прихрана и развојот на пчелните семејства во текот на годината.
Студентската смотра на научни трудови ќе се одржи во амфитеатарот број 39, со почеток во 11.00 часот. Комплетната програма погледнете ја овде.