Малкумина знаат дека на територијата на Северна и Јужна Америка, освен некои видови на пчели без осило, немало медоносни пчели сè додека доселениците не ја донеле Apis mellifera од „Стариот свет“. Но и таму имало инсекти кои вршеле опрашување на растенијата уште пред континентите да бидат колонизирани и воведена медоносната пчела. И покрај големата конкуренција во медоносната пчела, тие инсекти и денес се успешни опрашувачи. Еве некои од нив:
Melitta melittoides е една од неколкуте пчели од родот Melitta која живее во Северна Америка. Останатите живеат во Африка, Азија и Европа. Откриена е во 1909 година. Го населува источниот дел од континентот.
Acanthopus excellens првпат е евидентирна во 1902 година. Живее во Бразил. Преживува така што краде храна од други инсекти.
Agapostemon femoratus живее на северо-западниот дел од Северна Америка. Оваа зелена пчела е малку проучувана. Познато е дека се гнезди длабоко во земјата и дека може да се види по плантажите со презреани и испукани лубеници и друго слатко овошје.
Megachile mendica (Пчела кројач) живее на цела Северна Америка. Карактеристично за овој вид е тоа што сецкаат и кројат листови од растенија за да го изградат своето гнездо.
Coelioxys dolichos пчелите се слични на кукавиците. Своите јајца ги снесуваат во гнездата на Пчелата кројач, а потоа изведените пчели на Coelioxys dolichos ја користат нејзината храна за свои потреби.
Hylaeus ornatus го населува југо-источниот дел од Северна Америка. Карактеристично за овој инсект е тоа што не поседува апарат за носење на полен на своите нозе, туку поленот го носи во устата.
Diphaglossa gayi е ендемична Чилеанска пчела. Имаат невообичаено издолжена глава. Живее длабоко под земја, градејќи долги ходници.
Epeolus scutellaris е паразитска пчела која живее во гнездата на други пчели. Позната е и како целофанска пчела, поради материјата слична на целофан, што ја лачи за да ги изолира ѕидовите од гнездото. Живее по цела Северна Америка.
Svastra obliqua (Пчела-сончоглед) ја има во две форми, со крзно на стомакот и мазен црно обоен стомак. Има необично задебелени задни нозе. Живее во САД, Канада, Мексико, Куба и други земји.
Andrena asteroides е позната како „Пчела рудар“. Копа длабоки тунели со цел да обезбеди топлина и сигурност за своите јајца во текот на зимата. Живее на југо-источниот дел од Северна Америка.