Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

Селидбеното пчеларење е нешто без кое модерното пчеларење е незамисливо. Со искористувањето на три, четири, па и повеќе паши, тројно расте можноста за зголемување на количините на пчелни производи. Во емисијата ЕУ Фармер, посветена на пчеларството, се разгледуваат повеќе можности за унапредување и модернизирање на пчеларството како и зголемување на приходите од истото. Еден од гостите во емисијата, професионалниот пчелар од Србија, Миле Стоиловиќ, ги објаснува разликите во стационарното и селидбеното пчеларење, ги открива најбитните фактори за да се биде успешен пчелар, како и минималната бројка на кошници за едно пчеларско семејство да функционира нормално. Понатаму во емисијата, проф. д-р Мишо Христовски, меѓу другото ги образложува основните услови за бавење со пчеларство, а професионалниот пчелар од скопско Љубанци, Ацо Спасенцовски кој со голем успех пчелари стационарно и селидбеното пчеларење им го остава на помладите генерации на пчелари, раскажува за своите достигнувања во пчеларењето, односно пчеларењето со четириматични друштва и добивање на матичен млеч во кошница со седум матици истовремено присутни во една кошница.

Видеото погледнете го подолу.

 

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*