Архива на привезоци: пчеларство

MacBee го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“

Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“. Настанот, кој MacBee веќе традиционално го организира неколку години наназад и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи. Главен презентер ќе ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење, главен услов за успешно пчеларство (Видео)

Селидбеното пчеларење е нешто без кое модерното пчеларење е незамисливо. Со искористувањето на три, четири, па и повеќе паши, тројно расте можноста за зголемување на количините на пчелни производи. Во емисијата ЕУ Фармер, посветена на пчеларството, се разгледуваат повеќе можности за унапредување и модернизирање на пчеларството како и зголемување на приходите од истото. Еден од гостите во емисијата, професионалниот пчелар ...

Повеќе »

Пчелниот отров како лек – штипјанец почна бизнис со државна поддршка

Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луѓе кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра. Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот. Миховски планира од својот пчлеларник да направи атракција ...

Повеќе »

Значењето на автохтоната македонска пчела и заштитата на овој подвид (Видео)

За заштитата и значењето на Apis mellifera macedonica и реализираните проекти во таа насока, во утринската емисија на Алфа ТВ зборуваше Борче Павлов, професионален пчелар, сопственик на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и член на пчеларското здружение „Еко Пчела“-Скопје. Во разговорот, Павлов ја истакна важноста на автохтоните пчели, како и нивната предност во однос на хибридите и увезените подвидови на пчели. Зборувајќи ...

Повеќе »

Процентот на зимски загуби во Германија далеку над просекот. Пчеларите најавуваат тешка сезона

Загубите на пчелните семејства во текот на зимата во Германија се далеку од очекуваните и просечните бројки. Состојбата со високата смртност е скоро идентична во сите региони низ државата, па од Германската пчеларска асоцијација најавуваат дека треба да се очекува скромен медобер. Претседателот на Националното здружение на пчелари од Хесен, Манфред Риц, изјави дека нормалната стапка на смртност и угинување ...

Повеќе »

Селидбено пчеларење на пловечки пчеларник

Со 40 кошници сместени на кровот на својот брод, германскиот пчелар Франк Георге постојано пчелари селидбено на езерата во околината на Вердер, Германија. Опуштено седнат на палубата на своето бродче, со кренати нозе и повремено рибарење, 57 годишниот инженер ужива во убавините на езерата очекувајќи пчелите да донесат солидни приходи од пашата во чија близина тој се закотвил. Веќе пет ...

Повеќе »

Свети Трифун-заштитникот на овошките битни за пчелите

На 14-ти февруари, секаде во православниот свет, а особено на Балканот, се чествува денот посветен на светиот маченик Трифун. Меѓу народот овој светец е сметан за заштитник првенствено на насадите со винова лоза, но и на сите останати овошни насади, па и на сите посеви и засадени земјоделски култури. Пчеларите го слават токму како заштитник на овошките, кои спаѓаат меѓу ...

Повеќе »

Прв пролетен преглед (Видео)

Временските услови секоја наредна година се сè повеќе изненадувачки и секоја година ги поместуваат границите и термините утврдени за извршување на првиот детален пролетен преглед. Така, во блиско време, во одредени региони од државава веќе ќе се создаваат поволни услови за првиот преглед. Во видеото подолу, извадок од емисијата „Допир на природата“ емитувана на ТВ Златен канал, во куси црти ...

Повеќе »

Пчеларите од Малта под закана на Aetina tumida?

Пчеларите од Малта се соочуваат со сериозен проблем во последниве неколку недели. Откако сопственикот на една италијанска компанија која се занимава со одгледување на матици, на еден од островите од малтешкиот архипелаг поставил околу 450 пчелни семејства, пчеларите се видно загрижени поради можната опасност од инвазија на малата кошничка бубачка во малтешките пчеларници. Ермано Де Чино, сопственикот на „Мелита Бис ...

Повеќе »

Електричен силиконски појас за декристализација на мед

Барањето алтернативи и импровизирањето се чести ситуации во пчеларењето. Скапата опрема за разните операции во текот на пчеларењето, медоберот, преработката на пчелните производи и сл. се олеснување за секој пчелар, но не се секогаш достапни за сите кои одгледуваат пчели. Овој силиконски појас, кој оригинална примена наоѓа во индустријата за производство на биодизел, многу пчелари решиле да го употребат и ...

Повеќе »