Пчелниот отров како лек – штипјанец почна бизнис со државна поддршка

Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луѓе кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра.

Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот. Миховски планира од својот пчлеларник да направи атракција каде што секој добронамерник на лице место ке може да го апстрахира матичниот млеч.

Овој триесетгодишен земјоделски инжинер е еден од седумте млади луѓе од штипско кои сакаат да започнат земјоделски бизнис. Во наредниот период Миховски планира да го зголеми бројот на пчелни семејства, а органското пчеларење да стане нивни семеен бизнис.

Извор

 

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.