20.11.2014 – Трета едукативна средба организирана од ПЗ”Матица”

На ден 20.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе одржи Трета едукативна средба, која ќе биде посветена на начинот на пчеларење на пчелар од Прилеп.
Во рамките на оваа едукативна средба, на пчеларот чиј начин на пчеларење ќе биде презентиран, ќе му биде доделена награда за највкусен мед од Државната манифестација-Денови на мед-Скопје 2014.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.