Blog

  • Бесплатно земјиште за пчеларење во полза на пчелите

    Бесплатно земјиште за пчеларење во полза на пчелите

    [dropcap]З[/dropcap]а разлика од некои македонски локални самоуправи, кои го ограничуваат, па дури и забрануваат пчеларењето на територијата од својата општина, локалната самоуправа на италијанскиот град Росињано одлучи, дел од својот имот да им го стави на располагање на пчеларите.

    Според многумина, ова е голем поттик за оние кои сакаат да се занимаваат со одгледување на пчели. Постепеното исчезнување на пчелите и ефектот од намаленото опрашување врз продукцијата на насадите се препознаени од администрацијата на градот, па со намера да го популаризираат и омасоват пчеларењето, одлучиле да направат еден ваков чекор. „Со оглед на тоа дека на територијата на општината има неискористени парцели, решивме да ги активираме за нешто позитивно“-вели  Даниеле Донати, комесар за земјиште во градот Росињано. „Целта ни е да покренеме иницијатива за развој на пчеларењето, без разлика дали тоа би било рекреативно, комерцијално или експериментално. На тој начин би помогнале и во развојот на градот, подигајќи ги вредностите на локалното земјоделство и квалитетот на животната средина“-додава Донати.

    Сопственоста над земјиштето од страна на пчеларите ќе биде од привремен карактер и секој корисник ќе поседува лиценца за неговото користење. Имајќи во предвид дека од 2008 година, пчеларството во Росињано е во лоша состојба поради големата загуба на пчелни семејства, градските власти очекуваат голема заинтересираност и многу апликации.

  • Дали е на повидок нов биолошки анти-вароа метод?

    Дали е на повидок нов биолошки анти-вароа метод?

    [dropcap]З[/dropcap]драви пчели без присуство на вароа, е сонот на секој пчелар. Дали откритието на биолозите од Универзитетот во Хохенхајм, Германија, може да го направи овој сон реалност?

    Истражувачите, преку манипулирање со сексуалната активност на крлежот, успеале да дојдат до еколошки и лесен начин за намалување и елиминирање на вароата во кошницата. Преку изолирање на женските сексуални феромони, кои ги испуштаат женските единки на вароа, биолозите успеале да го детерминираат составот на сексуалните феромони и истите да ги произведат по синтетички пат.

    А токму во феромонската активност на крлежите се кријат механизмот на функционирање и ефектот на овој метод. Ако феромонска активна материја се напрска по саќето со легло, таа ќе предизвика иритација врз машките единки, поради што тие губат ориентација во однос на времето за парење, стануваат помалку сексуално активни и им се намалува репродуктивната способност. Овој феромонски сексуален дисбаланс предизвикува женските единки да бидат спарувани и оплодени во погрешно време, кога сеуште не се сексуално зрели. Ваквите единки се помалку витални, не можат да произведуваат женски јајца, па поради тоа не можат со својот репродуктивен циклус да придонесат во зголемување на бројот на популацијата на вароа. При паралелно испитување на семејства каде е аплицирана феромонската материја и семејства без ваков третман, забележано е намалување на сексуалната активност на женските единки за 60%.

    Истражувачите велат дека овој третман е евтин, нештетен по околината и човекот и лесно се спроведува на терен. Методот е во фаза на патентирање, процес по кој би требало да следи негова комерцијализација, кога би ги дознале и условите за аплицирање и дозирање на третманот.

  • Он-лајн пчеларење

    Он-лајн пчеларење

    [dropcap]Б[/dropcap]угарски пронаоѓач развил програма, која може да стане револуционерна за модерното пчеларење. „Програмата за паметно менаџирање со кошницата“ е компјутерски софтвер кој врши мониторинг врз состојбата во кошницата, здравјето на пчелите и го алармира пчеларот за секоја непожелна промена во пчелното семејство. Проектот на Борислав Лазаров, за паметно менаџирање на пчеларникот е базиран на два сегменти: хардвер, кој е сместен во кошницата и софтвер задолжен за собирање на податоците, анализирање и испраќање до пчеларот.

    Според Лазаров, оваа иновативна технологија, на пчеларот му нуди многу можности и иако проектот е во фаза на развој, му претстои добра иднина. Без отварање на кошницата и со што помалку стрес за пчелите, во реално време преку интернет врска, пчеларот може да добие точни податоци за состојбата на семејството, контаминираноста на медот, роевиот нагон и др.

  • Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

    Објавени сесиите од програмата за Апимондија 2015

    [dropcap]44[/dropcap]-тиот по ред Меѓународен Пчеларски Конгрес Апимондија ќе се одржи во Теџон, Јужна Кореја, од 15 до 20 септември 2015 година. Темата на овој Конгрес ќе биде „Пчелата го сплотува светот“.

    Според Кјунхван ЈО, претседател на Организациониот одбор на 44-тиот конгрес на Апимондија, се очекуваат над 10000 учесници и посетители од 130 земји, кои ќе предаваат, дебатираат и превземат акции за промовирање заедништво и соработка во областа на пчеларството.

    Освен откривање на тајните на пчеларството, Апимондија нуди и можност за откривање на богатата култура на земјите во кои се одржува. Теџон, според Кјунхван ЈО, не е избран случајно за домаќин на најголемата меѓународна пчеларска манифестација. Тој вели дека токму во овој град се сплотуваат и коегзистираат традицијата и модерната наука и дека во овој град посетителите на Апимондија 2015 ќе доживеат едно многу поинакво и досега невидено искуство.

    Организациониот одбор на Апимондија 2015 сеуште не ја објави официјалната програма, но во јавност ги изнесе сесиите од кои ќе биде составена програмата:

    • Апитерапија
    • Биологија на пчелите
    • Пчеларството и руралниот развој
    • Економија во пчеларството
    • Опрашувањето и корисна флора во пчеларењето
    • Здравствена состојба на пчелите
    • Технологии на пчеларење и квалитет
  • Медена вакцина против грип

    Медена вакцина против грип

    [dropcap]В[/dropcap]о сезоните на грип и настинки, потребно е имунитетот да се одржи на високо ниво. Заборавете на вакцините против грип и скапите лекови. Вакцинирајте се самите со оваа „вакцина“ приготвена од здрави и проверени продукти.

    Потребни состојки:

    – 3 лажици мед

    – сок од 6 лимони

    – 1 главица лук, сецкана или пасирана

    – 2 лажици сецкан или пасиран ѓумбир

    – 3 шољи сок од ананас

    – прстофат мелен лут пипер

    Сите состојки се мешаат и смесата се складира во стаклена тегла. Како превентива од грип се пијат 2 шољи на ден. Се користи и за лечење на грип, но тогаш се пијат 4 шољи дневно.

  • Летечки доктори во служба на овошките

    Летечки доктори во служба на овошките

    [dropcap]В[/dropcap]о Австралија за прв пат е претставена можноста пчелите да се користат во лекување и превентива на одредени болести кај овошките. Оваа нова и досега неприменета техника, во иднина би требало да биде главен метод за справување со габичните, вирусните и бактериските заболувања кај многу растенија и на тој начин драстично да се намалат трошоците од намалените приноси и давачките за скапи и токсични препарати.

    Новата техника предвидува, наместо прскањето со одредени препарати, на овошните плантажи да се користат пчели кои ќе испорачуваат биолошки контролен агенс директно до цветовите на растенија. Бидејќи пчелите во овој случај играат улога на вектори, овој метод се нарекува ентомовекторирање.

    Биолошкото контролно средство содржи спори од одредени габи или микроорганизми кои не се штетни по растението, но штетно делуваат на причинителите на одредени болести. Секое утро ваквите спори се ставаат во диспензер пред летото на пчелите, пчелите при излетувањето ги прикачуваат спорите на влакненцата и така ги дистрибуираат до цветовите.

    Многумина на овој метод му предвидуваат добра иднина, затоа што би влијаел на зголемувањето на бројот на пчелни семејства и би се намалиле огромните загуби во земјоделското призводство, а особено во овоштарството.

  • Прополис крема за оштетена кожа

    Прополис крема за оштетена кожа

    [dropcap]О[/dropcap]ваа крема се препорачува за лекување на сува и испукана кожа и промени на кожата настанати од изгореници и смрзнатини.

    Потребни состојки:

    20 ml прополис (алкохолен екстракт)

    50 ml маслиново масло

    10 ml масло за бебиња

    30 gr чист пчелин восок

    Маслиновото масло се загрева во сад со дупло дно наполнет со вода. Кога ќе се загрее маслото, се додаваат маслото за бебиња и восокот, и се меша се додека не се стопи восокот. Се додава прополисот, се меша 5 минути и се трга од оган. Доколку сакате кремата да има арома, додадете 5-10 капки етерично масло. Топлата смеса се складира во стаклени садови и кога ќе се олади може да се користи.

  • И пчелите имаат свои доктори

    И пчелите имаат свои доктори

    [dropcap]П[/dropcap]ознато е дека и пчелите страдаат од најразлични заболувања и инфекции. Но, малку е познато дека кога ќе завладее одредена болест во семејството, на сцена стапуваат пчелите-доктори, кои се грижат за елиминирање на болеста и лекување на заболените сестри, со цел да се задржи нивната работна сила и компактноста на семејството.

    Студијата направена на Универзитетот во Хале (Зале), Германија, покажува дека кога пчелите негувателки се инфицирани со одреден паразит, селективно јадат мед, кој има висока антибиотска активност. Оваа каста на пчели е одговорна и за хранење на ларвите со мед, како и дистрибуирање на ваквиот мед до останатите пчели од семејството. Затоа, се претпоставува дека овие пчели се доктори во кошницата кои, зависно од инфективниот агенс, на пчелите им „препишуваат“ рецепт со одреден мед.

    За целите на истражувањето пчелите негувателки биле заразени со Nosema ceranae и им бил понуден избор на четири видови на мед, од кои три видови од растително потекло: багрем, сончоглед и липа, и еден од нерастително потекло-медлика, како продукт, односно секрет на одредени инсекти. Иако сите овие видови на мед имаат антибиотска активност, пчелите заболени од ноземоза претпочитале да го земаат медот од сончоглед, за кој е познато дека има силно антимикробно дејство. Со користење на сончогледовиот мед, пчелите успеале да го намалат процентот на инфекција за 7% во споредба со заразени пчели, кои имале на располагање само мед од липа.

    Студијата покажува дека одредени видови на мед имаат поизразен ефект врз одредени заболувања. Така, сончогледовиот мед, освен врз причинителот на ноземозата, делува превентивно против причинителот на Американскиот гнилеж, но многу послабо делува врз причинителот на Европскиот гнилеж. Но затоа пак против ова заболување ефективен е медот од липа.

    Способноста на пчелите негувателки за проценување на ефектот на медот, зависно од причинителот на инфекцијата, со таквиот мед да се храни потомството и да се препорачува на другите членови од семејството, е од големо значење за пчелите и пчеларот, особено денес, кога пчелите се соочуваат со разни болести, климатски промени, загадување на животната средина и интензивното земјоделство.

    Освен медот, пчелите имаат и друг медикамент-прополисот, кој го користат во лекување на габични инфекции. Докажано е дека пчелите, заболени со габични  инфекции, собираат повеќе прополис.

  • Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

    Македонскиот мед еден од најдобрите во светот

    Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари – учесници на саемот оцени дека е еден од најдобрите.

    – Конкуренцијата беше огромна, бевме 55-ти од вкупно пријавените преку 100 учесници од целиот свет. Влеговме во петте најдобри и успеавме да го добиеме второто место, изјави производителот Игор Илков, претседател на здружението „Македонска пчела“.

    Медот е полифлорен, ги содржи сите цветови што ги има во Гевгелиско каде е произведен. Но, во однос на цените, е некаде на дното.

    – Со квалитет сме меѓу првите, на врвот, но според цената, последни. Луѓето кај нас едноставно не можат да си дозволат повисока цена. Во ЕУ тегла мед е 10, 15, 20 евра, а кај нас 300 – 400 денари. Лани беше 250 денари, а годинава поскапе поради екстремно лошите услови кои ја намалија продукцијата, рече Илков и додаде дека до крајот на годинава мед нема да има што ќе биде причлина повеќе на пазарот да се пласира фалсификуван мед.

    Неговата порака е потрошувачите да купуваат кристализиран мед, од пчелари кои ги познаваат, а производителите да не се фокусираат само на мед, туку и на млеч, восок и прополис.

    Македонските пчелари не отстапуваат од интенцијата да ја заштитат автохтоната пчела, но се борат и за заштита на биодиверзитетот.

    – Затоа сме тука, на саемот “Салон дел густо”. Голема е предноста од членството во Слоу фуд кое ни овозможува средби со колеги од целиот свет и запознавање различни традиции на пчеларење, многу поразлични од нашите, истакна Илков.

    На “Слоу фуд” е поставен т.н. Бар на медот каде може да се дегустира мед од Африка, Танзанија, Океанија, Јапонија,…, мед од сончоглед, портокал, еукалиптус, па дури и од кафе.

    Најскап е специфичниот мед од Јемен, 60 евра за 45 грама, кој се продава со уверување дека ја прочистува душата. Поради тоа, велат производителите, некои купувачи не жалат за тегла да дадат и 200 до 400 евра.

  • Пчелите во Јужна и Северна Америка пред Apis mellifera

    Пчелите во Јужна и Северна Америка пред Apis mellifera

     

    [dropcap]М[/dropcap]алкумина знаат дека на територијата на Северна и Јужна Америка, освен некои видови на пчели без осило, немало медоносни пчели сè додека доселениците не ја донеле Apis mellifera од „Стариот свет“. Но и таму имало инсекти кои вршеле опрашување на растенијата уште пред континентите да бидат колонизирани и воведена медоносната пчела. И покрај големата конкуренција во медоносната пчела, тие инсекти и денес се успешни опрашувачи. Еве некои од нив:

    p028dp4n

    Melitta melittoides е една од неколкуте пчели од родот Melitta која живее во Северна Америка. Останатите живеат во Африка, Азија и Европа. Откриена е во 1909 година. Го населува источниот дел од континентот.

    p028dp2y

    Acanthopus excellens првпат е евидентирна во 1902 година. Живее во Бразил. Преживува така што краде храна од други инсекти.

    p028d8s2 005

    Agapostemon femoratus живее на северо-западниот дел од Северна Америка. Оваа зелена пчела е малку проучувана. Познато е дека се гнезди длабоко во земјата и дека може да се види по плантажите со презреани и испукани лубеници и друго слатко овошје.

    p028d9f6DSC3125

    Megachile mendica (Пчела кројач) живее на цела Северна Америка. Карактеристично за овој вид е тоа што сецкаат и кројат листови од растенија за да го изградат своето гнездо.

    p028d90w

    Coelioxys dolichos пчелите се слични на кукавиците. Своите јајца ги снесуваат во гнездата на Пчелата кројач, а потоа изведените  пчели на Coelioxys dolichos ја користат нејзината храна за свои потреби.

    p028d9bw

    Hylaeus ornatus го населува југо-источниот дел од Северна Америка. Карактеристично за овој инсект е тоа што не поседува апарат за носење на полен на своите нозе, туку поленот го носи во устата.

    p028d94ydownload (1)

    Diphaglossa gayi е ендемична Чилеанска пчела. Имаат невообичаено издолжена глава. Живее длабоко под земја, градејќи долги ходници.

    p028d97l

    Epeolus scutellaris е паразитска пчела која живее во гнездата на други пчели. Позната е и како целофанска пчела, поради материјата слична на целофан, што ја лачи за да ги изолира ѕидовите од гнездото. Живее по цела Северна Америка.

    p028d9mn

    Svastra obliqua (Пчела-сончоглед) ја има во две форми, со крзно на стомакот и мазен црно обоен стомак. Има необично задебелени задни нозе. Живее во САД, Канада, Мексико, Куба и други земји.

    p028d8xv images

    Andrena asteroides е позната како „Пчела рудар“. Копа длабоки тунели со цел да обезбеди топлина и сигурност за своите јајца во текот на зимата. Живее на југо-источниот дел од Северна Америка.