Барањето алтернативи и импровизирањето се чести ситуации во пчеларењето. Скапата опрема за разните операции во текот на пчеларењето, медоберот, преработката на пчелните производи и сл. се олеснување за секој пчелар, но не се секогаш достапни за сите кои одгледуваат пчели. Овој силиконски појас, кој оригинална примена наоѓа во индустријата за производство на биодизел, многу пчелари решиле да го употребат и како импровизиран декристализатор на мед.
Електричниот појас е изграден од растеглив силикон, со можност да опфати метално или пластично буре од 200 литри. Должината му е 174 cm, а широк е 12,5 cm. Вградените греачи загреваат до температура од 150 °С, а термостатот овозможува регулирање на температурата по желба.
На интернет страните за е-купување, електричниот појас може да се најде по цена од 65 долари.