За здраво пчелно семејство и негово нормално функционирање, потребна е добра и исправна кошница. Подницата е меѓу најбитните делови од кошницата. Оваа модерна и мултифункционална подница нуди предности, какви што досега немала ниедна друга.
Целата е изградена од пластика и содржи повеќе елементи. Полетувалката е отпорна на разни временски услови, а нејзиниот дизајн овозможува лесно затварање при транспорт, непречена циркулација на воздух и спречува излегување на пчелите при селење. Стапицата за полен, која е составен дел од подницата, а се вади и става по потреба, функционира одлично и не ги повредува пчелите. Фиоката под собирачот за полен овозможува поленот да остане таму подолго време и да се суши по природен пат. На предниот дел од подницата се наоѓа функционалното лето, на кое има специјален отвор за контролирање на влегувањето и излегувањето на трутовите. Составен дел од летото е и редукторот на отворот за влез и излез, кој се користи во зимски услови или по потреба.