Со кучиња трагачи до роднините на пчелите

Заедно со пчелите, бумбарите се едни од главните опрашувачи на растенијата. Нивното големо значење за производството на храна, улогата во одржувањето на биодиверзитетот, како и прекумерното користење на пестициди, антибиотици и хемиски препарати во земјоделството кои покрај на пчелите штетно делуваат и врз бумбарите, се причина тие да бидат истражувани од многу екологисти, ентомолози и други научници.

Ефективната бројка на популацијата на роднините на пчелите се определува според густината на населеност на гнездото, па пронаоѓањето на живеалиштата и мерењето на овие параметри се едни од најбитните чекори во конзервацијата на овие корисни инсекти. Но, најтешката работа е-како да се најде нивното гнездо. Бумбарите во природата најчесто се сместени во подземни живеалишта на терени обраснати со густа вегетација, што ги прави невозможни за пронаоѓање од страна на човекот. Поради оваа причина, многу малку се проучуваат репродуктивните, социјалните и другите останати навики и однесувања кај слободните колонии на бумбари во природата.

Bom

Тргнувајќи од инстинктот на јазовецот, најголемиот непријател и предатор на бумбарите, кој за да дојде до нив го користи сетилото за мирис, група на научници од Шкотска решиле да експериментираат со куче. Користеле куче на британската армија, кое претходно го дресирале употребувајќи материјал од гнезда на бумбарот Bombus terrestris. При тестирањето кучето имало 100% успех во пронаоѓањето на тестниот материјал, разместен на тренинг локацијата. Подоцна, при реалното пронаоѓање на терен, на еден од шкотските острови со површина од околу 30 хектари, за краток период  биле пронајдени дури 33 гнезда на бумбари. Интересно е тоа што освен гнезда на B. terrestris на кои било тренирано, кучето откривало гнезда на уште три видови на бумбари.Bom2

Ова, според Шкотските истражувачи, е одличен чекор напред кон проучувањето, заштитата и зачувувањето на овие многу битни инсекти.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.