Повеќенаменска пчеларска работна маса-Би Мастер Плус

Мултифункционалната пчеларска работна маса е изум кој доаѓа од нашиот јужен сосед, а е патентиран од Антонис Антонијадис. Патентното име на оваа нова технологија која треба да се избори за место во пчеларските работилници е Би Мастер Плус. Функциите на Би Мастерот се наменети за пчеларските рамки и дозволуваат истовремено на него да се извршуваат повеќе активности како што се внитнување на рамките, нивно вжичување и вметнување на восочни основи.

Некои пчелари сметаат дека нема ништо посебно оригинално во оваа направа и дека неоснован е потегот да се патентира склопот од веќе досега откриени пчеларски алатки. Сепак времето ќе покаже дали и колку оваа алатка ќе биде прифатена од пчеларите. Колку иновативност и оригиналност има во Би Мастер Плус оценете и Вие преку видеото подолу, преку кое се прикажани начинот на работа и можностите кои ги нуди оваа направа.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*