Систем за стимулативно хранење без отварање на кошницата

Периодите од годината кога е потребно стимулативно прихранување на пчелите можат да претставуваат вистинско оптеретување за пчеларот. Отварањето, односно отклопувањето на секоја кошница, полнењето на хранилката со мало количество на сируп и повторното враќање на капакот одземаат драгоцено време. Со цел да се намали потрошеното време, но и вознемирувањето на пчелите, пчеларите развиле широка палета на идеи токму за оваа намена. Низ неколку фотографии подолу е прикажана изработката на токму еден ваков ефикасен и пред сè евтин систем за стимулативна прихрана.

Потребни материјали: црево за инфузија (40-50 cm) или слично црево со мал пречник, парче лим, парче пластично црево или пластична водоводна цевка, кит, навртки, чекан, штрафцигер.

Со шило, одвртувач или погодна алатка се прави мала дупка од едната страна на капакот:

sistem 1

Мало парче лим или парче од држач за гипс картон, се превиткува на средината доволно за низ превитканиот дел да помине цревото:

sistem 2

sistem 3

Парчето лим со штрафови се прицврстува за долниот дел на капакот:

sistem 4

Низ пробушениот капак и низ свитканиот лим се спроведува цревото кое на двата краја се фиксира со лимарски кит, силикон, пластелин, пур-пена или слично средство со фиксирачки ефект:

sistem 5

Со цел да се спречи влегување на инсекти, ширење на мирисот на сирупот и грабежи, на почетокот, како осигурувач на цревото се прикачува прстен од парче пластична водоводна цевка, црево со сличен пречник или жица:

sistem 6

Внесувањето на сирупот до хранилката доста лесно и едноставно се врши со голем шприц:

sistem 8

sistem 9

sistem 10

sistem 7

Според оценките на пчеларите, овој систем најдобро функционира и се покажал одличен кај пчеларниците со помал број на кошници.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.