Преку гигантска мува до тајната на ројалактинот

Матицата е многу поголема од пчелите работнички и живее многу подолго, поради една причина-матичниот млеч. Користејќи матичен млеч од страна на  научниците добиена е ултра-голема мува. Дали на ред се луѓето?

Главниот виновник одговорен за растењето и трансформацијата на обична работничка ларва во матица е протеинот ројалактин, кој се наоѓа во матичниот млеч. Јапонскиот биотехнолог Масаки Камакура, во испитувањето на ројалактинот и неговото делување како тој од два исти организми со иста ДНК создава пчели работнички и пчели матици, користел ларви на муви кои ги хранел со матичен млеч. Ги одбрал мувите поради можноста за лесно следење и изолирање на гените на кои влијаел ројалактинот. На големо изненадување, забележал зачудувачка разлика кај мувите хранети со матичен млеч во однос на мувите хранети со казеински раствор. Мувите хранети со матичен млеч значително биле поголеми, побрзо се развиле и живееле подолго.МУВИ2

Камакура е првиот кој  експериментира со матичен млеч надвор од пчеларството, а успехот кој го имал со мувите, вели дека прави простор за понатамошни понапредни испитувања и експерименти со други животински видови.

Истражувачот се надева дека во иднина матичниот млеч ќе се користи поинтензивно од страна на луѓето, со цел да се влијае врз долговечноста на човекот.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.