Заборавил да ги отвори кошниците и предизвикал катастрофа

Тажна била сликата која ја затекнал еден грчки пчелар откако наредниот ден дошол да ја провери состојбата на претходно доселените пчелни семејства. Ниту едно од дваесетте пчелни семејства не ја преживеале катастрофалната грешка на пчеларот.

Кога пчелните семејства вечерта биле преселени од околината на градот Агринио на новата локација во местото Елати, пчеларот заборавил да ги отвори летата од кошниците. Погубни биле обидите на пчелите да најдат пат кон надвор и да се ослободат од кошницата бидејќи на тој начин само се зголемувал стресот кај пчелите и се покачувала температурата во сандакот, која ги прегреала и задушила пчелите. Утредента пчеларот сфатил како едно мало невнимание за само 24 часа може да уништи нешто стекнато со голем труд и вложување.

mpceli1

За да се избегнат и да не се повторуваат вакви грешки, искусните пчелари препорачуваат проверка на летата после секое селење на сандаците со пчели. Кога еднаш ќе се направи контрола, се поминува и втор пат за да се потврди со сигурност дека сите лета се отворени. Во вакви случаи треба да се занемарат тврдењата на помошниците дека работата околу отварање на летата е завршена се додека пчеларот со сопствени очи не го утврди тоа. Користењето на батериски светилки e препорачливо за проверка на летата при селењето во ноќните часови.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.