Иницијатива за спречување на продажба на фалсификуван мед

На 13/11/2014 година, ПЗ „Матица“-Скопје својата втора по ред работна средба во сезоната 2014/2015, ќе ја посвети на изнаоѓање начини и методи за заштита на медот од фалсификување, спречување на продажба на таквите фалсификати и спречување на вештачки добиените фалсификати на мед да бидат пуштени во промет со назнаката „мед“.

Причината за оваа иницијатива е тоа што во последно време поради високата цена на медот се јавија многу медни фалсификати и многу профитери, кои заработуваат на славата на квалитетниот македонски мед. Ваквите фабрикувани копии на мед, освен што можат да се сретнат по пазарите, под разни имиња и регистрирани од соодветни институции можат да се сретнат и во големите маркети, веднаш покрај пакувањата со вистински и квалитетен мед. Сето ова негативно се одразува врз цената и пласманот на медот и ја отежнува одржливоста на пчеларството.

За таа цел, членовите на здружението побараа од раководството на ПЗ „Матица“-Скопје, на расправата да бидат поканети членови од сите засегнати страни како и влијателни лица, со цел од оваа Иницијатива да произлезе една заедничка Стратегија за спречување на производство на медни фалсификати и нивно промовирање и продажба под закрила на квалитетниот пчелен мед. Ваквата Стратегија во иднина би послужила како водич кон една поквалитетна, заштитена, рентабилна, одржлива и здрава медопродукција.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.