Македонскиот мед на листата на ФЕЕДМ

Европската федерација на пакувачи и дистрибутери на мед (ФЕЕДМ) го објави списокот на земји надвор од Европската Унија, од кои ќе може слободно да се увезува мед за потребите на граѓаните на ЕУ. На листата за оваа година се наоѓа и Република Македонија. Знаејќи дека ЕУ врши строг мониторинг и има поставено високи стандарди и критериуми во однос на земјите извознички на мед, можеме да бидеме сигурни дека македонските пчелари можат да се пофалат и гордеат со својот мед. Медот, кој во ЕУ доаѓа од земји кои не се членки на истата, мора да ги исполнува сите услови поврзани со законите за храна на ЕУ и целосно да се поклопува со директивите на Европската Комисија-директивата за мед 2001/110/EC и директивите за контаминација и резидуи во храната од животинско потекло 96/23/EC и 470/2009/EC. Доколку некоја земја направи било каква отстапка од истите, лесно може да ја изгуби привилегијата добиена од ЕУ и да биде избришана од списокот на ФЕЕДМ.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.