Микрочипови за спас на пчелите

Со цел да се пронајдат многу одговори за угинувањето на пчелите, Технолошкиот Универзитет Вале де Белем од Бразил, на почетокот од годинава, разви многу мали микрочипови (со димензии 2,5*2,5 милиметри  и тежина од 5,4 милиграми). Идејата е овие чипови да се прикачат на грбот на пчелите, со цел да се анализира нивното однесување под влијание на пестициди и промена на климатските услови. Дел од експериментот е во Бразил, а дел во Австралија.

Во Австралија, на Тасманискиот остров, ќе се изведува компаративно испитување на 10000 пчели, за да се открие како тие реагираат на константна изложеност на пестициди. Ќе се користат африканизирани пчели, така што две кошници ќе бидат сместени во амбиент со постојано контаминиран полен, а две кошници ќе бидат ставени во чиста, незагадена околина. Секоја промена и одстапка забележана кај пчелите кои се под влијание на пестицидите, ќе се смета како можен причинител за угинувањето и исчезнувањето на пчелите и ќе биде предмет на понатамошни анализи и испитувања. Крајот на експериментот е предвиден во април 2015, а резултатите се очекуваат во втората половина од годината.

чипови-пчели

Вториод дел од експериментот е во Бразил, во местото Белем, на Амазон и веќе е започнат. 400 пчели, на кои се поставени чипови, 3 месеци ќе бидат под постојан мониторинг, а предмет на испитување ќе бидат сите промени врз пчелите предизвикани од честите врнежи и ненадејните климатски промени делот на Амазон и Бразил воопшто, предизвикани од глобалното затоплување.

Секој чип емитува посебен сигнал, кој претставува еден вид идентификација за секоја пчела. Преку овој сигнал може да се следи и анализира состојбата на секоја пчела во кошницата. Се смета дека овие чипови многу ќе придонесат за намалување на проблемите во пчеларството насекаде, а особено во Бразил, каде автохтоните Јужно-американски пчели без осило се премногу чувствителни на климатски промени и се доведени во незавидна ситуација.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.