[dropcap]Н[/dropcap]а ден 25.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе ја одржи четвртата едукативна средба. Средбата ќе биде искористена за запознавање на членовите на здружението со програма (софтвер) за електронско водење на пчеларникот, односно за водење на електронска евиденција за секое пчелно семејство.
Категорија: Вести
-

Започнаа нарачките на матици и нуклеуси во Апицентар
[dropcap]Р[/dropcap]епродуктивниот и тренинг центар за пчеларство „Апицентар“, од 20-ти ноември 2014 година започна со примање на нарачки за матици и нуклеуси за 2015 година.
Цената на матиците од подвидот Apis mellifera macedonica е 800 денари. Матиците се обележани со плочка и содветен број со кој се следи педигрето. Матиците се спакувани во кафез за транспорт, поседуваат здравствено уверение, потврда за здравствената состојба и упаство за нејзино додавање и замена на старата матица со новата.
Цената на нуклеусот е 2800 денари. Нуклеусите се составени е од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана матица од подвидот Apis mellifera macedonica (обележана со плочка и соодветен број со кој се следи педигрето), здравствено уверение, потврда за здравствена состојба и упаство за ослободување. Нуклеусите се спакувани во кутија со содветна вентилација при транспорт.
Нарачки можат да се извршат на официјалната интернет страна на „Апицентар“, а дистрибуцијата е по договор.
-

Највкусниот мед е од Прилеп, најубавиот штанд од Скопје
[dropcap]Н[/dropcap]а почетокот на третата едукативна средба на ПЗ „Матица“-Скопје, Организациониот одбор на манифестацијата „Денови на македонскиот мед -2014“ ги прогласи победниците во изборот за највкусен мед и изборот за најубавиот штанд на манифестацијата.
За највкусен мед за 2014 година беше избран медот на Влатко и Светлана Атанасоски од Прилеп. После органолептичкото испитување на медот и лабораториската анализа, комисијата за оценување на медовите и нивниот вкус, највеќе поени додели на семејството Атанасоски, второто место го освои мед од Штип, а дека прилепчани имаат убав мед покажува и освоеното трето место.
-Јас верувам дека сите македонски пчелари произведуваат вкусен мед и дека македонскиот мед е со голем квалитет. Сите кои учествуваа на манифестацијата ја заслужуваат оваа награда, но ете ја имав таа среќа нашиот мед да биде избран за највкусен. Ова е мотив за мене и моето семејство да се трудиме да го задржиме и подобриме квалитетот на нашиот мед-рече Влатко Атанасоски, освојувачот на првото место.
Влатко Атанасоски, го презентира својот мед на една од пчеларските манифестации во државава
Првото место за „најпчеларски“ штанд го освои штандот на Пчеларство Митревски од Скопје. При оценувањето во предвид се земени повеќе фактори како: услужливоста на изложувачите, декорацијата на штандот, асортиманот на производите и друго.
-Најзаслужни за оваа награда се мојата сопруга Марина и моето семејство, кои со многу трпение и вкус го уредија нашиот штанд-рече Марјан Митревски, добитник на наградата за најубав штанд.
Со право освоено прво место за најубав изложбен штанд-Марјан Митревски
На двајцата добитници на прво место, ќе им бидат доделени ваучери во вредност од 3000 денари за набавка на пчеларска опрема.
Во текот на наредната недела ќе бидат посетени и дечињата од неколку градинки во општина Центар, на кои ќе им бидат доделени награди за најдобра песничка, најдобра танцова точка и најдобар цртеж, поврзани со пчелите и медот. Наградата за сите категории ќе биде мед во висина од 2000 денари.
-

20.11.2014 – Трета едукативна средба организирана од ПЗ”Матица”
[dropcap]Н[/dropcap]а ден 20.11.2014 година, во големата сала во објектот на Сојузот на стопански комори на Македонија, со почеток во 17:00 часот, ПЗ “Матица” – Скопје, ќе одржи Трета едукативна средба, која ќе биде посветена на начинот на пчеларење на пчелар од Прилеп.
Во рамките на оваа едукативна средба, на пчеларот чиј начин на пчеларење ќе биде презентиран, ќе му биде доделена награда за највкусен мед од Државната манифестација-Денови на мед-Скопје 2014. -

Иницијатива за спречување на продажба на фалсификуван мед
[dropcap]Н[/dropcap]а 13/11/2014 година, ПЗ „Матица“-Скопје својата втора по ред работна средба во сезоната 2014/2015, ќе ја посвети на изнаоѓање начини и методи за заштита на медот од фалсификување, спречување на продажба на таквите фалсификати и спречување на вештачки добиените фалсификати на мед да бидат пуштени во промет со назнаката „мед“.
Причината за оваа иницијатива е тоа што во последно време поради високата цена на медот се јавија многу медни фалсификати и многу профитери, кои заработуваат на славата на квалитетниот македонски мед. Ваквите фабрикувани копии на мед, освен што можат да се сретнат по пазарите, под разни имиња и регистрирани од соодветни институции можат да се сретнат и во големите маркети, веднаш покрај пакувањата со вистински и квалитетен мед. Сето ова негативно се одразува врз цената и пласманот на медот и ја отежнува одржливоста на пчеларството.
За таа цел, членовите на здружението побараа од раководството на ПЗ „Матица“-Скопје, на расправата да бидат поканети членови од сите засегнати страни како и влијателни лица, со цел од оваа Иницијатива да произлезе една заедничка Стратегија за спречување на производство на медни фалсификати и нивно промовирање и продажба под закрила на квалитетниот пчелен мед. Ваквата Стратегија во иднина би послужила како водич кон една поквалитетна, заштитена, рентабилна, одржлива и здрава медопродукција.
-

Покана за учество на Меѓународниот натпревар на пчеларски фотографии на ЧЗС
[dropcap]П[/dropcap]челарскиот сојуз на Словенија (ЧЗС), ги поканува сите заинтересирани да земат учество во Меѓународниот натпревар на фотографии поврзани со пчеларството за 2014 година. На натпреварот чиј организатор е Пчеларскиот сојуз на Словенија, поканети се пчеларите од цел свет, фотографите и сите други кои имаат желба да учествуваат на овој настан преку испраќање на досега необјавени фотографии. Натпреварувачите треба да се фокусираат на следниве категории:
- Пчелите и медоносните растенија;
- Животот на пчелите (биологија);
- Пчеларски работи и пчелни производи;
- Традиционални пчелни живеалишта и пчеларници.
Фотографиите можат да бидат во боја или црно-бели, со резолуција над 300 dpi. Секоја фотографија треба да содржи сопствен идентификациски број, име, да се наведат категорија под која припаѓа и годината кога е фотографирана. Фотографиите ќе се оценуваат според следниве критериуми:
- Експресивност;
- Оригиналност;
- Технички дизајн;
- Естетика;
- Вид, односно подвид на пчели (поради автохтоноста, предност има Крањската пчела).
Фотографиите снимани на ЦД или УСБ драјв треба да се испратат на следнава адреса: Čebelarska zveza Slovenije, Brdo pri Lukovici 8, 1225 Lukovica, Slovenia, со назнака “Photography Competition” или на електронската адреса: marko.borko@czs.si.
Испраќањето на фотографиите трае до 19 декември 2014 год. Церемонијата на прогласување на најдобрите фотографии ќе биде на саемот АпиСловенија на 21 март 2015 година во Цеље.
Повеќе информации овде.
-

Имаме ли услови за профитабилно пчеларство?
[dropcap]П[/dropcap]остојат ли услови за успешно и профитабилно пчеларење во Македонија? Дали и колку науката е вклучена и може да помогне за постигнување на подобри резултати во пчеларството? На овие и уште неколку прашања, во емисијата Профит, емитувана на Наша ТВ, а посветена на пчеларството, одговара Проф. Д-р Мишо Христовски. Според него, причините за лошата ситуација во која се наоѓа македонското пчеларство не треба да се бараат само во лошите климатски услови, туку и во немањето стратегија за пчеларство, болестите кај пчелите, а како виновник е посочена и владата, која поради некоординираноста со стручни лица и експерти од областа на пчеларство, субвенциите ги насочува погрешно и тие го немаат оној ефект за кој се наменети.
Во емисијата, свое видување на состојбата со нашето пчеларство дава и претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, кој смета дека со владина помош кон пчеларите во вид на доделување на земјиште од пониска категорија, за засејување на медоносна флора, значително би се подигнало нивото на продукција на пчелни производи. Тој вели, дека за да се започне рентабилен пчеларски бизнис потребни се 10-15000 евра, но дека треба трпеливост, бидејќи како и во секоја земјоделска гранка, така и во пчеларењето, профитот доаѓа подоцна. Тој одговара и на прашања поврзани со цената на медот, пласманот, квалитетот на пчелните производи и др.
Учество во емисијата имаат и неколку пчелари од различни региони во земјава. Тие даваат своја оцена за нашето пчеларство и проблемите со кои се соочуваат во пчеларското производство.
Целата емисија погледнете ја подолу.
-

ПЗ „Матица“-Скопје: 2014 лоша пчеларска година
[dropcap]„Г[/dropcap]енерален впечаток е дека изминатата пчеларска сезона во поглед на медоберот е катастрофална“-беа завршните зборови на претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, по дискусијата од првата точка од дневниот ред, откако членовите на здружението, на првата работна средба за сезоната 2014/2015 ги изнесоа своите впечатоци и резултати од медоберот и состојбата со пчелните семејства во изминатава сезона. Членовите на здружението заеднички се сложија дека иако неколку региони од државава се исклучени од катастрофата која ги погоди, оваа сезона е полоша од ланската, а повозрасните и поискусни пчелари изјавија дека не се сеќаваат на толку лоша пчеларска година. Според членовите на ПЗ „Матица“-Скопје, цената на медот ќе оди уште повисоко и моменталната цена од 300 денари за килограм мед, за кратко време ќе биде променета.
Како дел од дневниот ред, на членовите им беше презентирана и Предлог програмата за работа на здружението во сезоната 2014/2015. По долга дискусија, членовите одредија и дадоа приоритети на неколку точки од програмата, а дел од дадените работни предлози беа променети.
Работните состаноци ќе се одржуваат по стариот термин (секој четврток од 17:00 часот). Последниот работен состанок е закажан за 26/03/2015 година.
-

АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството
[dropcap]П[/dropcap]челарство, екологија на растенијата и биодиверзитет во пчеларството ќе бидат главните теми на кои ќе се дискутира од 6-8 ноември во Рим, на вториот по ред Меѓународен симпозиум АпиЕкоФлора и Биодиверзитет, спонзориран од Меѓународната пчеларска асоцијација Апимондија во соработка со Италијанската пчеларска федерација и Универзитетот Тор Вегата од Рим.
На симпозиумот ќе присуствуваат делегати од цел свет, повеќе италијански универзитети ќе ги претстават своите истражувањата од областа на пчеларството, растенијата и биодиверзитетот, а свои презентации ќе имаат и претставници на Светската организација за храна-ФАО и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации.
Главната цел на АпиЕкоФлора е да се стимулира и подобри соработката помеѓу истражувачките институции, пчеларите и пчеларските здруженија, фармерите и сите други засегнати страни, со цел да се воведат нови методи и пракси и одржливото пчеларење да се крене на повисоко ниво, бидејќи само стабилно и одржливо пчеларство може да обезбеди квалитет и квантитет во земјоделското производство.
Комплетната програма можете да ја погледнете на официјалната интернет страна на АпиЕкоФлора.
-

Пчеларството е доходовен бизнис-интервју на Ѓорѓи Андонов, член на MacBee, за Канал 5 телевизија
[dropcap]„П[/dropcap]челарењето е доходовен бизнис и приходот од него е добредојден за домашниот буџет. Во Македонија има услови за производство на квалитетен мед, а бидејќи се произведува од македонската автохтона медоносна пчела Apis mellifera macedonica, овој мед е ценет и има посебна вредност. Тоа се докажа и на последниот саем на Слоу Фуд во Торино, каде македонскиот мед освои второ место“-вели Ѓорѓи Андонов, банкар, љубител на пчелите и на природата и член на MacBee, во интервјуто за Канал 5 телевизија.
Подолу погледајте го целото интервју.
http://www.youtube.com/watch?v=y-2uNYej1fA#t=173
Превземено од macbee.org

