Започнаа нарачките на матици и нуклеуси во Апицентар

Репродуктивниот и тренинг центар за пчеларство „Апицентар“, од 20-ти ноември 2014 година започна со примање на нарачки за матици и нуклеуси за 2015 година.

Цената на матиците од подвидот Apis mellifera macedonica е 800 денари. Матиците се обележани со плочка и содветен број со кој се следи педигрето. Матиците се спакувани во кафез за транспорт, поседуваат здравствено уверение, потврда за здравствената состојба и упаство за нејзино додавање и замена на старата матица со новата. 

Цената на нуклеусот е 2800 денари. Нуклеусите се составени е од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана матица од подвидот Apis mellifera macedonica (обележана со плочка и соодветен број со кој се следи педигрето), здравствено уверение, потврда за здравствена состојба и упаство за ослободување. Нуклеусите се спакувани во кутија со содветна вентилација при транспорт.

Нарачки можат да се извршат на официјалната интернет страна на „Апицентар“, а дистрибуцијата е по договор.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.