Пумпа за вадење на матичен млеч

Продажбата на матичен млеч има голем удел во приходите остварени од продажба на пчелни производи за многу пчелари.  Но целиот процес на производство на матичен млеч бара многу посветеност, вештина, знаење и секако, неопходна апаратура. Токму таков апарат е оваа пумпа за собирање на матичен млеч, која значително ќе го олесни и забрза процесот на вадење на матичен млеч, а материјалите од кои е направена пумпата, ќе го сочуваат квалитетот на производот.

Пумпата е конструирана да работи на 220 V и на 12V, што се регулиира преку прекинувачот наменет за менување на режимот на работа. Сијаличката која служи како индикатор, дополнително помага да се утврди дали пумпата е вклучена во посакуваниот режим. Пумпата има способност да абсорбира до 15 литри во минута. Континуирано може да работи и до 5 часа. Кабелот долг 5 метри, на крајот има приклучок за приклучување на местото на запалката во автомобилот. Поседува и кабел со клеми, наменет за теренско вградување на восочни основи на рамките.

Садот за собирање на матичниот млеч е комплетно изработен од нерѓосувачки челик, а од инокс се направени и сите приклучоци на пумпата. Цревата се флексибилни и погодни за работа, а изработени се од пластика која се користи за изработка на садови во прехранбената индустрија.

Цената на оваа пумпа е нешто повеќе од 300 евра, а производителот дава гаранција од две години од денот на купување на пумпата.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.