Blog

  • Видео: контрола и броење на Вароа

    Видео: контрола и броење на Вароа

    [dropcap]П[/dropcap]остојат повеќе техники и методи за контрола на заразеноста на пчелите со крлеж. Иако сите даваат задоволувачки резултати, некои од нив се скапи и бараат доста искуство, додека други се едноставни за изведување на пчеларникот, не се скапи и не бараат голема стручност и посбни вештини.

    Во видеото подолу, прикажани се два едноставни начини за контрола на заразеност и броење на крлежи.

    *Видеото е преведено на македонски, за активирање на преводот кликнете на CC и одберете било кој од понудените преводи (SR или  RU).

  • Иницијатива за спречување на продажба на фалсификуван мед

    Иницијатива за спречување на продажба на фалсификуван мед

    [dropcap]Н[/dropcap]а 13/11/2014 година, ПЗ „Матица“-Скопје својата втора по ред работна средба во сезоната 2014/2015, ќе ја посвети на изнаоѓање начини и методи за заштита на медот од фалсификување, спречување на продажба на таквите фалсификати и спречување на вештачки добиените фалсификати на мед да бидат пуштени во промет со назнаката „мед“.

    Причината за оваа иницијатива е тоа што во последно време поради високата цена на медот се јавија многу медни фалсификати и многу профитери, кои заработуваат на славата на квалитетниот македонски мед. Ваквите фабрикувани копии на мед, освен што можат да се сретнат по пазарите, под разни имиња и регистрирани од соодветни институции можат да се сретнат и во големите маркети, веднаш покрај пакувањата со вистински и квалитетен мед. Сето ова негативно се одразува врз цената и пласманот на медот и ја отежнува одржливоста на пчеларството.

    За таа цел, членовите на здружението побараа од раководството на ПЗ „Матица“-Скопје, на расправата да бидат поканети членови од сите засегнати страни како и влијателни лица, со цел од оваа Иницијатива да произлезе една заедничка Стратегија за спречување на производство на медни фалсификати и нивно промовирање и продажба под закрила на квалитетниот пчелен мед. Ваквата Стратегија во иднина би послужила како водич кон една поквалитетна, заштитена, рентабилна, одржлива и здрава медопродукција.

  • Покана за учество на Меѓународниот натпревар на пчеларски фотографии на ЧЗС

    Покана за учество на Меѓународниот натпревар на пчеларски фотографии на ЧЗС

    [dropcap]П[/dropcap]челарскиот сојуз на Словенија (ЧЗС), ги поканува сите заинтересирани да земат учество во Меѓународниот натпревар на фотографии поврзани со пчеларството за 2014 година. На натпреварот чиј организатор е Пчеларскиот сојуз на Словенија, поканети се пчеларите од цел свет, фотографите и сите други кои имаат желба да учествуваат на овој настан преку испраќање на досега необјавени фотографии. Натпреварувачите треба да се фокусираат на следниве категории:

    •  Пчелите и медоносните растенија;
    • Животот на пчелите (биологија);
    • Пчеларски работи и пчелни производи;
    • Традиционални пчелни живеалишта и пчеларници.

    Фотографиите можат да бидат во боја или црно-бели, со резолуција над 300 dpi. Секоја фотографија треба да содржи сопствен идентификациски број, име, да се наведат категорија под која припаѓа и годината кога е фотографирана. Фотографиите ќе се оценуваат според следниве критериуми:

    • Експресивност;
    • Оригиналност;
    • Технички дизајн;
    • Естетика;
    • Вид, односно подвид на пчели (поради автохтоноста, предност има Крањската пчела).

    Фотографиите снимани на ЦД или УСБ драјв треба да се испратат на следнава адреса: Čebelarska zveza Slovenije, Brdo pri Lukovici 8, 1225 Lukovica, Slovenia, со назнака “Photography Competition” или на електронската адреса: marko.borko@czs.si.

    Испраќањето на фотографиите трае до 19 декември 2014 год. Церемонијата на прогласување на најдобрите фотографии ќе биде на саемот АпиСловенија на 21 март 2015 година во Цеље.

    Повеќе информации овде.

  • Имаме ли услови за профитабилно пчеларство?

    Имаме ли услови за профитабилно пчеларство?

    [dropcap]П[/dropcap]остојат ли услови за успешно и профитабилно пчеларење во Македонија? Дали и колку науката е вклучена и може да помогне за постигнување на подобри резултати во пчеларството? На овие и уште неколку прашања, во емисијата Профит, емитувана на Наша ТВ, а посветена на пчеларството, одговара Проф. Д-р Мишо Христовски. Според него, причините за лошата ситуација во која се наоѓа македонското пчеларство не треба да се бараат само во лошите климатски услови, туку и во немањето стратегија за пчеларство, болестите кај пчелите, а како виновник е посочена и владата, која поради некоординираноста со стручни лица и експерти од областа на пчеларство, субвенциите ги насочува погрешно и тие го немаат оној ефект за кој се наменети.

    Во емисијата, свое видување на состојбата со нашето пчеларство дава и претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, кој смета дека со владина помош кон пчеларите во вид на доделување на земјиште од пониска категорија, за засејување на медоносна флора, значително би се подигнало нивото на продукција на пчелни производи. Тој вели, дека за да се започне рентабилен пчеларски бизнис потребни се 10-15000 евра, но дека треба трпеливост, бидејќи како и во секоја земјоделска гранка, така и во пчеларењето, профитот доаѓа подоцна. Тој одговара и на прашања поврзани со цената на медот, пласманот, квалитетот на пчелните производи и др.

    Учество во емисијата имаат и неколку пчелари од различни региони во земјава. Тие даваат своја оцена за нашето пчеларство и проблемите со кои се соочуваат во пчеларското производство.

    Целата емисија погледнете ја подолу.

  • ПЗ „Матица“-Скопје: 2014 лоша пчеларска година

    ПЗ „Матица“-Скопје: 2014 лоша пчеларска година

    [dropcap]„Г[/dropcap]енерален впечаток е дека изминатата пчеларска сезона во поглед на медоберот е катастрофална“-беа завршните зборови на претседателот на ПЗ „Матица“-Скопје, Павле Бошкоски, по дискусијата од првата точка од дневниот ред, откако  членовите на здружението, на  првата работна средба за сезоната 2014/2015 ги изнесоа своите впечатоци и резултати од медоберот и состојбата со пчелните семејства во изминатава сезона. Членовите на здружението заеднички се сложија дека иако неколку региони од државава се исклучени од катастрофата која ги погоди, оваа сезона е полоша од ланската, а повозрасните и поискусни пчелари изјавија дека не се сеќаваат на толку лоша пчеларска година. Според членовите на ПЗ „Матица“-Скопје, цената на медот ќе оди уште повисоко и моменталната цена од 300 денари за килограм мед, за кратко време ќе биде променета.

    Како дел од дневниот ред, на членовите им беше презентирана и Предлог програмата за работа на здружението во сезоната 2014/2015. По долга дискусија, членовите одредија и дадоа приоритети на неколку точки од програмата, а дел од дадените работни предлози беа променети.

    Работните состаноци ќе се одржуваат по стариот термин (секој четврток од 17:00 часот). Последниот работен состанок е закажан за 26/03/2015 година.

  • АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството

    АпиЕкоФлора 2014-сплотување на науката и пчеларството

    [dropcap]П[/dropcap]челарство, екологија на растенијата и биодиверзитет во пчеларството ќе бидат главните теми на кои ќе се дискутира од 6-8 ноември во Рим, на вториот по ред Меѓународен симпозиум АпиЕкоФлора и Биодиверзитет, спонзориран од Меѓународната пчеларска асоцијација Апимондија во соработка со Италијанската пчеларска федерација и Универзитетот Тор Вегата од Рим.

    На симпозиумот ќе присуствуваат делегати од цел свет, повеќе италијански универзитети ќе ги претстават своите истражувањата од областа на пчеларството, растенијата и биодиверзитетот, а свои презентации ќе имаат и претставници на Светската организација за храна-ФАО и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации.

    Главната цел на АпиЕкоФлора е да се стимулира и подобри соработката помеѓу истражувачките институции, пчеларите и пчеларските здруженија, фармерите и сите други засегнати страни, со цел да се воведат нови методи и пракси и одржливото пчеларење да се крене на повисоко ниво, бидејќи само стабилно и одржливо пчеларство може да обезбеди квалитет и квантитет во земјоделското производство.

    Комплетната програма можете да ја погледнете на официјалната интернет страна на АпиЕкоФлора.

  • Пчеларството е доходовен бизнис-интервју на Ѓорѓи Андонов, член на MacBee, за Канал 5 телевизија

    Пчеларството е доходовен бизнис-интервју на Ѓорѓи Андонов, член на MacBee, за Канал 5 телевизија

    [dropcap]„П[/dropcap]челарењето е доходовен бизнис и приходот од него е добредојден за домашниот буџет. Во Македонија има услови за производство на квалитетен мед, а бидејќи се произведува од македонската автохтона медоносна пчела Apis mellifera macedonica, овој мед е ценет и има посебна вредност. Тоа се докажа и на последниот саем на Слоу Фуд во Торино, каде македонскиот мед освои второ место“-вели Ѓорѓи Андонов, банкар, љубител на пчелите и на природата и член на MacBee, во интервјуто за Канал 5 телевизија.

    Подолу погледајте го целото интервју.

    http://www.youtube.com/watch?v=y-2uNYej1fA#t=173

    Превземено од macbee.org

  • Варено вино со мед

    Варено вино со мед

    Студеното време доаѓа, па помеѓу безбројте начини да се загреете, опуштите и заборавите на студот, медно.мк Ви нуди уште еден-рецепт за варено вино со мед.

    Потребни состојки:

    -750 ml  црвено или црно вино

    -вода (шоља наполнета 1/3)

    – мед (шоља наполнета 3/4)

    -цимет (се става по вкус)

    -по желба при варењето можете да ставите и кора и парчиња од портокал, семки од калинка, ванила или неколку зрнца бибер, а кругови лимон при декорирањето.

    Во метален сад се ставаат сите состојки и смесата се загрева, сè додека не почне тивко да врие и испарува. Се вари така уште 15-20 минути и се трга од оган. Се става во стаклени шољи или садови по избор, се декорира по желба и се пие во друштво.

  • Полен од пченка за пчели на диета

    Полен од пченка за пчели на диета

    Пченката е меѓу најраспространетите и најкорисни житни култури. Наоѓа широка примена во прехранбената индустрија, сточарството и многу други индустриски гранки. Но колку е корисна и за пчелите?

    Иако пченката се опрашува со ветар, поради што нема механизам за да делува атрактивно кон пчелите и не лачи нектар, тие од неа можат да соберат значително количество на полен. Причината за собирање на големо количество на полен се крие токму во природата на опрашување и во градбата на прашниците на пченката. Кога пчелите летаат и собират полен низ полето со пченка, поради сечењето на воздухот, влакненцата на нивното тело се наелектризируваат, па испуштените зрнца полен од прашниците, наменети за ветарот, се залепуваат на телото на пчелата. Внесувањето на полен позитивно влијае врз матицата и пчелната заедница, но иако е собран во големо количество, поленот од пченка ја нема ниту минималната протеинска хранлива вредност која им е потребна на пчелите. Нивото на протеини во пченкарниот полен изнесува 14,9%, што е далеку од 20%, минималната протеинска вредност која нутритивно ги задоволува пчелите.

    129309187

     Зрнца на полен од пченка под електронски микроскоп

    Поради оваа причина, не треба да се дозволи главен извор на полен за пчелното семејство да биде пченката. Во спротивно, пчеларот ќе има пчели кои ќе живеат пократко од вообичаено, тешко ќе се справуваат со напорите во текот на медоберот и полесно ќе заболуваат од ноземоза и други инфекции. Добра опција е пчеларот да го собира поленот од пченка, соодветно да го складира и во текот на зимскиот период или рана пролет да го даде повторно на семејството, но измешан со соино брашно.

  • Контрола на вароа со шеќер во прав

    Контрола на вароа со шеќер во прав

    [dropcap]С[/dropcap]тепенот на заразеност со вароа кај семејствата во еден пчеларник може да варира во текот на една сезона и помеѓу одделни сезони. Доколку пчеларот знае колкав е бројот на крлежи и колку бргу нивната популација се зголемува, толку полесно ќе одреди каква акција да превземе и како да реагира во одреден случај за да го намали степенот на заразеност.

    Еден од основните методи за мониторинг на заразеност со вароа е тестот со валкање на пчелите во шеќер во прав. Овој метод не е скап, лесно се изведува на терен, не е штетен по пчелите и со него може приближно да се оцени степенот на заразеност со вароа.

    Механизмот на делување на шеќерот во прав се состои во тоа што ситните гранули од шеќер се лепат на стапалките (емподиуми) на крлежот, тој ја губи способноста да се задржи на телото на пчелата и се откачува од нејзиното тело. Постојат и тврдења дека шеќерот ги стимулира пчелите да го чистат своето тело, па така ги истресуваат и крлежите, а според некои шеќерот на ист начин делува и кај крлежите, кои во обидот да се исчистат од ситните шеќерни зрнца се откачуваат од телото на пчелата.

    За изведување на оваа контрола потребно е:

    • една тегла од 500 грама, со пластично или метално капаче на кое има поставено метална мрежа
    • чашка од 100 милилитри (собира приближно 300 пчели)
    • шеќер во прав
    • бела хартија и
    • лажица

    (опционално: бела крпа, бела чинија, кофа со вода, лупа).

    DSCN6798

    DSCN6799За овој метод препорачливо е да се земаат пчели од 3 рамки и тоа од средината на семејството, за да има што повеќе млади пчели. Доколку се изведува во месеци кога има малку легло, доволно е да се земат пчели од една рамка. Се внимава да не се стави и матицата. Чашката со пчели се истура во теглата во која претходно има ставено 2 лажици шеќер во прав и теглата се протресува 1-2 минути. Се внимава при тресењето да не се истура шеќерот и сите пчели да бидат извалкани во него. Се остава теглата 2 минути, а потоа повторно се тресе 1-2 минути. Шеќерот се истресува низ мрежата на капачето, а доколку има крлежи ќе испаднат и тие. За да се избројат полесно паднатите крлежи, обично шеќерот се истура на бела хартија, платно, бел сад или во кофа со вода. Теглата со пчели се истресува се додека од неа испаѓаат шеќер и крлежи. Штом се заврши со истресувањето, пчелите се ослободуваат и неповредени се враќаат назад во кошницата. Се бројат паднатите крлежи и според таа бројка се одредува степенот на заразеност (бројот на паднати крлежи се дели со бројот на тестирани пчели) и се прави план за понатамошни активности.

    varoa seker

    Препорачливо е тестот да се врши два пати годишно. Првиот тест се прави на пролет, за да се утврди состојбата на семејствата пред почеток на активната сезона. Над 3 истресени крлежи во овој период, е индикатор за превземање на одредена акција. На крај од летото се врши вториот тест, во кој ако бидат истресени повеќе од 12 крлежи, се смета дека тоа семејство е сериозно инфицирано и потребен му е одреден анти-вароа третман.