UncategorizedД-р ПчелаКозметика
Крема со мед за груба и испукана кожа

Од многу одамна се познати позитивните нутритивни и лековити ефекти кои ги има свинската маст. Во комбинација со чудесните својства кои ги има медот, се добива одлична, еколошки чиста и многу здрава крема за негување на груба, сува, испукана и оштетена кожа. Кремата се нанесува еднаш до два пати дневно, а резултатите се забележуваат за краток период.
Потребни состојки:
-100 грама свинска несолена маст
-50 грама мед
Маста и медот се ставаат во сад и се мешаат со пластична или дрвана лажица. Смесата се меша додека двете состојки не се соединат целосно и не се добие хомогенизирана маса. Кремата се става во пластична кутија или стаклена тегличка и добро се затвара. Се чува на температура на која кремата нема да се растопи.