Прв пролетен преглед (Видео)

Временските услови секоја наредна година се сè повеќе изненадувачки и секоја година ги поместуваат границите и термините утврдени за извршување на првиот детален пролетен преглед. Така, во блиско време, во одредени региони од државава веќе ќе се создаваат поволни услови за првиот преглед. Во видеото подолу, извадок од емисијата „Допир на природата“ емитувана на ТВ Златен канал, во куси црти прикажани се основните постапки за правилно извршување на првиот генерален пролетен преглед на пчелните семејства.

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.