Тимот Кандиру е група на млади луѓе од Глазгов, ентузијасти и вљубеници во природата, кои прават научни филмови поврзани со животинскиот свет и природата воопшто, а подоцна бесплатно им ги даваат на училиштата, научните установи и невладините здруженија со цел да се крене свеста за значењето на најразлични животински видови и да се помогне во нивната заштита и конзервација. Во моментов работат на проект поврзан со животот на солитарните пчели и нивното значење за опрашувањето, екологијата и биодиверзитетот, бидејќи познато е дека голем дел од фамилијата на пчели им припаѓа токму на солитарните пчели. Промоцијата на документарниот филм е најавена за 5-ти јуни, а од Тимот Кандиру велат дека фимот ќе може слободно да се гледа, споделува и без никакви авторски права да се користи за едукативни, научни и останати хумани цели.
Трејлерот кој беше објавен пред извесно време, несомнено покажува дека станува збор за одлично направен документарец и дека вљубениците во природата, животните, а особено оние во светот на пчелите, со нестрпливост ќе чекаат да го погледнат целиот филм.
Трејлерот погледнете го во видеото подолу: