Еликсир за стимулација на матицата

Понекогаш, поради најразлични фактори, планираниот и правилен развој на семејствата не оди како што посакува пчеларот. Периодот на главна пчелна паша се наближува, а пчеларот се соочува со сериозен проблем. Во вакви ситуации се чини дека спасот е во стимулација на матицата и поттик за нејзино интензивно несење. Медно.мк Ви претставува еден стимулативен рецепт-еликсир за матицата, кој ќе помогне во „будењето“ на нејзините јајници.

leglo

Во 4 литри вода и два килограми шеќер, се цедат два лимони и смесата се загрева колку да се растопи шеќерот. Кога ќе се олади, во сирупот се додаваат 3 белки од јајца и смесата убаво се меша. 500 милилитри сируп се дава на 4 дена на семејството чија матица се стимулира.

sirup bel.jaj.

Голема улога во овој сируп има витаминот C од лимонот, но уште позначајна е белката од јајцето, која прави матицата да несе зачудувачки.

Во зависност од регионот и состојбата на семејството, тешко е да се каже кога да се престане со ваквото стимулирање, но штом се забележи посакуваниот ефект и семејството почне бурно да се развива, тоа е знак за престанување со давањето на стимулативниот еликсир.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.