Уште една стапица за оси

Пчеларите знаат многу техники за сузбивање на осите. Преку поставување на најразлични стапици изградени од пластични шишиња, пластични туби, замки со лепак, отровни мамки и многу други иновативни техники и начини, пчеларите пробуваат да ги превенираат или намалат штетите, кои осите можат да ги предизвикаат на пчеларникот. Овој текст е наменет за уште една таква стапица, која е лесна за изработка, за разлика од стапиците со пластични шишиња, има многу поголем „капацитет“ и може да остане на пчеларникот во текот на целата активна сезона.

За изработка на оваа стапица за оси, потребни се две празни тела и метална ситна мрежа. Обично се користат стари тела, кои не се користат за сместување на пчелите. Доколку имаат пукнатини и дупки, истите се лепат и затвараат со смеса од лепак и дрвени струготини.

На горната страна од едното тело се става метална мрежа со ситни отвори. Се прековува со шајчиња, штрафови или метални притискачи. Мрежата се сече на средината и се прави кружен отвор (дијаметар од околу 20-тина cm).

IMG_0920

IMG_0921

Од друго парче мрежа се прави форма на конус или купола. Долниот крај на конусната форма треба да е поширок и да одговара на претходно направениот кружен отвор на прикованата мрежа, а горниот крај треба да завршува со мал отвор. Должината на куполата треба да е нешто помала од висината на едно спратче. Основата, односно широкиот дел на куполата се спојува (шие, хевта) со широкиот отвор на мрежата од првото спратче.

IMG_0923

IMG_0939

IMG_0937

Мрежа се става и на горната површина на второто тело. Таа останува цела.

Телото со пришиена мрежа се поставува прво, а врз него доаѓа телото со цело парче мрежа. На мрежата од првото тело, на алуминиумска фолија или во некој сад, се става мамката за осите.

IMG_0941

IMG_0944

Стапицата се поставува поткрената, за да се обезбеди доволно простор за осите и другите штетници слободно да влегуваат во неа.

Успешен лов.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.