До дното со италијанска помош

Италијанската компанија Моналдо Моналди Технологија, патентираше нова мултифункциоционална пчеларска алатка-нож. Оваа алатка овозможува пристап до најнепристапните делови од кошницата и со неа лесно може да се истругаат прополисот и содржината кои се налепени на долниот дел од кошницата. Работи на принцип на расклопување и склопување. Кога е склопен, едниот крај функционира како подигач за рамки, а другиот кој е поширок и остар служи за стругање. Штом се расклопи, скоро двојно се издолжува и добива уште неколку дополнителни функции. Анатомската рачка се грижи и долготрајното работење со овој нож да не биде напорно. Направен е од нерѓосувачки челик (AISI 420), кој се користи и за изработка на хируршки инструменти.

2

 

 

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.