Робоп-современ, но скап заштитник на пчеларникот од птици

Преку целата година, пчеларот се соочува со разни птици-натрапници кои на различни начини предизвикуваат помали или поголеми штети на пчеларникот. Робоп е идеално решение за одвикнување на птиците штетници од посетата на пчеларниците.

Со изглед базиран на сивиот сокол, оваа роботизирана птица наоѓа примена во растерување на птиците на аеродромските писти, на спортските терени, во земјоделското производство и др. Робоп е изработен врз основа на научна експертиза и долгогодишно искуство. Работи автономно, има способност за изведување на одредени движења, емитува 4 типови на звук исто како и реалниот сив сокол и на тој начин многу хумано, еколошки и економично ги растерува и плаши непожелните птици. Се напојува со струја директно од извор на струја или преку соларен панел и може да работи при различни временски услови. Деловите од кои е направен не бараат некое посебно и одредено одржување, а периодот на користење на Робоп, според производителот, изнесува над 10 години.

robop

Основната цена на оваа птица-робот изнесува 4000 евра, додека онаа најнадградената верзија, која вклучува најразлични додатоци како стојалиште, соларен панел и друго, чини 7900 евра. Овие цени, и тоа како се астрономски високи, не само за нашите пчелари, фармери и сопственици на различни засегнати компании, туку и за оние засегнатите во многу други, економски поразвиени земји, но производителот на Робоп вели дека секоја дадена пара за роботизираната птица се исплати. Како и да е, Робоп може да послужи како идеја за импровизации на нашите пчелари, барем додека на пазарот можеби не излезе некоја кинеска и далеку поевтина верзија на Робоп.

Робоп-промо:

Робоп-тест:

 

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.