Пчели

И пчелите имаат свои доктори

Познато е дека и пчелите страдаат од најразлични заболувања и инфекции. Но, малку е познато дека кога ќе завладее одредена болест во семејството, на сцена стапуваат пчелите-доктори, кои се грижат за елиминирање на болеста и лекување на заболените сестри, со цел да се задржи нивната работна сила и компактноста на семејството. Студијата направена на Универзитетот во Хале (Зале), Германија, покажува ...

Повеќе »

Пчелите и спиењето

За нормално извршување на работните обврски во кошницата, на пчелите им е потребен сон. Но, кога пчелите спијат? Kако се одвива тој процес кај нив и колку трае? Спроведена е студија со намера да се испита спиењето кај пчелите работнички и да соберат податоци за тоа дали има разлика во спиењето кај различни касти на пчели, нивното однесување, позицијата и ...

Повеќе »

Мед од други пчели

Медот кој го користиме добиен e од подвидовите на Apis mellifera, широко распространети по светот. Несомнено, овој мед е најраспространет, а воедно и најквалитетен. Но, регионално постојат повеќе видови на мед, добиен од страна на други видови на пчели. Овој мед често може да биде собран во значителни количини. Азиските видови од родот Apis, произведуваат мед многу сличен по состав ...

Повеќе »

Мала кошничка бубачка

На 11 септември 2014, Националниот центар за пчеларство при Институтот за зоологија во Венеција, потврди дека е детектирано присуството на малата кошничка бубачка во Италија. Веста брзо ја потресе пчеларската јавност во Италија и Европа, предизвикувајќи загриженост кај пчеларите затоа што мора да вклучат уште еден паразит во листата на активни непријатели на пчелите. Колку сме запознаени со овој паразит? ...

Повеќе »

Средновечните трутови се најпожелни оплодувачи

Трутовите се развиваат од неоплодени јајца. Нивниот развој трае 24 дена, односно 3 дена како јајце, фазата на ларва трае 6 дена и кукла 15 дена. Сперматогенезата кај нив започнува уште во стадиумот на ларва, а спермиогенезата завршува во стадиумот на кукла. Уште во првата недела како возрасна единка, сперматозоите се транспортираат од тестисите до семените везикули на трутот, каде ...

Повеќе »

Тајната на пчелниот угриз

Истражувачите открија дека пчелата може да гризне исто толку добро колку што и боцка и дека угризот на пчелата содржи природен анестетик. Анестетикот не само што им помага на пчелите во одбрана против крлежите и молците, туку може да помогне и во хуманата медицина. Овој факт, кој го откри тимот составен од истражувачи од Грција и Франција во соработка со ...

Повеќе »

Трофалакса-социјално поврзување кај пчелите

Трофалаксата е еден од начините на кои пчелите социјално се поврзуваат и разменуваат информации. Поимот има грчко потекло и значи делење на храната. Трофалакса се случува кога две пчели работнички ќе ја поделат содржината (мешавина од нектар и други супстанции) од нивните медни желудници собрана при едно излетување. При споделувањето на хранливата содржина, тие разменуваат и информации за секоја од ...

Повеќе »