Авијација во борба против азискиот стршлен

Азискиот стршлен полека, но сигурно станува сериозна закана за пчеларството.  Властите во Францускиот регион Акитен, еден од најзагрозените области во Франција и непрофитната организација Аквинетик, работат на заеднички проект за елиминација на оваа закана. Проектот наречен Вадуду (на Свахили јазикот-мал летечки инсект) има за цел да развие посебено летало, кое контролирано и управувано од далечина, во иднина треба да биде еден од главните средства во борба против стршлените. Леталото, чија работната верзија го носи името „Џокер“, тежи 3 килограми. Конструкцијата му е изработена од карбонски влакна и цевки, има систем од 4-6 пропелери и вградена камера со висока резолуција сместена на движечка платформа. Снабден е со пумпа со два резервоари во кои се полни отровот и инјектор со одредена димензија . Автономијата на летање на „Џокер“ изнесува 10-15 минути, зависно од временските услови, а најголемата височина на летање му изнесува 30 метри. Предностите на леталото се во системот од повеќе пропелери кои овозможуваат лесно и едноставно управување и во тоа што е отпорно на нападите и убодите од стршлените, па на тој начин без проблем може да дојде веднаш до нивното гнездо во кое ја испушта и токсичната материја.

Освен главната намена-борба против азискиот стршлен, планирано е леталото да најде функција и во превенција на шумски пожари, следење на состојбата со шумите, лозовите, овошните и останати насади.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.