Повисоки субвенции за регистрираните пчеларски одгледувалишта благодарение на MacBee

Регистрираните пчеларски одгледувалишта кои одгледуваат и продаваат сертифицирани и селекционирани матици и пчелни роеви од подвидот Apis mellifera macedonica, во 2015 година освен редовните 600 денари, ќе добиваат и дополнителни 1000 денари по пчелно семејство. На иницијатива на кластерот MacBee,во кој членуваат дел од засегнатите субјекти, во 2014 година беа одржани низа средби со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија и неколку владини агенции, при што истите беа запознаени со проблемите со кои се соочува кластерот MacBee и беа понудени конкретни решенија за тие проблеми. Меѓу предложените решенија беше и забелешката  во рамките на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството да се оформи мерка за финансиска поддршка на регистрирани одгледувалишта на пчелни матици во висина од 1000 денари по пчелно семејство опфатено со одгледувачка програма и програма за селекција. Ваквиот предлог беше врз основа на лошата состојба во која се наоѓаа регистрираните пчеларски репроцентри и која поради отежнатото работење можеше да доведе до нивно згаснување, а на тој начин да се нанесе голема штета на генетскиот фонд на нашата домашна автохтона медоносна пчела. На средбите беа понудени и уште неколку решенија, кои освен за самиот кластер, беа од значење и за сите домашни пчелари. 

Здружението MacBee и пчеларскиот кластер MacBee ќе продолжат со ваквите активности и иницијативи со цел да ги заштитат и унапредат правата на своите членови и да придонесат за развој на домашното пчеларство.

Извор: www.macbee.org

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.