promena na matica1

Менување на матицата во пчелното семејство

Менувањето на матицата е  еден од условите на пчелното семејство да не влезе во роидбен нагон (млада матица).

Потребни материјали и опрема: кафез, шеќерно тесто и прскалка во кој има сируп кој мириса на маточина или лимон.

Замената на матица се врши на следниот начин:

Пчелното семејство го обезматичуваме, ја вадиме старата матица, односно една ноќ семејството е без матица.

Треба и да ги знаеме правилата за внесување на матицата во кафезот. Овој начин на внесување во кафезот е погрешен и тука може само матицата да ја повредиме! Никако не треба вака:

Знаеме дека  матицата се стреми да се движи само нагоре, затоа и отворот на кафезот го поставуваме соодветно за  матицата без проблем да влезе. Едноставно, матицата треба да се држи за крилцата и главата да се пикне во отворот и да се пушти, на овој начин матицата без проблем ќе влезе во кафезот:

Матицата успешно е внесена во кафезот:

Отворот го затворам со шеќерно тесто:

Кафезот го поставувам во обезматиченото семејство, но за секој случај за приемот да биде сигурен, кафезот го премачкувам со мед од обезматиченото семејство, многу важно е и како ќе се постави кафезот во семејството со цел матицата полесно да излезе од кафезот. Значи кафезот го поставуваме со отворот нагоре, никако на страна или отворот да биде кон долу.

Обезматиченото пчелно семејство го попрскувам со течноста од прскалката за да мириса на маточина или лимон:

За кратко време пчелите примамени од намачканиот мед на кафезот и шеќерното тесто почнуваат да се гостат со погачата, a матицата со својот феромон ги опива пчелите:

Следниот ден матицата е ослободена, односно излезена од кафезот:

На крај проверуваме и потврдуваме дека матицата е успешно прифатена.

Напомена: матицата се држи за крилца!

 

Фотографии: Марјан Петровски

За Марјан Петровски

Искусен пчелар, кој меѓу колегите е познат како одличен практичар. Со пчелите се дружи уште од најмлада возраст. Пчелари во околината на Скопје, со околу 120 пчелни семејства во ЛР кошници. Секогаш е расположен за несебично споделување на своите ускуства, особено со пчеларите почетници.

2 Коментари

  1. shilo_bs@yahoo.com'

    Prekrasen tekst – kako i site tekstovi na marjan koi se sekogas polni so fotografii od negovata praksa !!!

  2. tnangelovski@yahoo.com'

    Ovoj nacin i jas go praktikuvam , na g. Marjan mu blagodaram za ilustrativnoto objavuvanje na prakticnite iskustva bi bilo dobro da se izdade eden ilustrativen priracnnik od strana na iskusni pcelari kako g. Marjan od site zdruzenija vo Makedonija koj ke posluzi kako potsetnik za mladite pcelari vo site fazi po meseci so sto mladite pcelari ke steknat pogolema samodoverba vo svoite postapki sledejki gi upatstvata i ke bidat sigurni deka gi prevzele site cekori za poefikasno pcelarenje . na websajtovite treba da bidat objavuvani preporakite ne samo od iskusnite pcelari tuku id naucnite strucni lica, veternarniot institut treba da dade preporaki so koi lekarstva da se tretiraat pcelnite semejstva dodeka maticnite veternarni stanici treba da se vklucat vo treetiranjeto na pcelnite semejstva i isto taka da garantiraat za lekarstvata so koi se tretiraat pcelnite semejstva . Spored mene treba da se prodiskutira dali pcelarskite prodavnici se ovlasteni da prodavaat lekarstva ili so taa dejnost treba da se bavat veternarnite stanici koi so svojot strucen kadar ke ja odreduvaat dozata na preparatot i ke davaat strucni soveti i vooedno ke bidat garant , an ekako momentalno trgovcite nudat sekakvi preparati koi se prodavanoi od strana na nestrucni lica .
    pozdrav

Напиши коментар

Вашата електронска адреса нема да биде објавена.Означените полиња се задолжителни *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Погледни ги копчињата
Сокриј ги копчињата