Извештајот на ЕК-што во него е битно за пчеларите?

Последниот извештај на Европската комисија во врска со напредокот на нашата земја кон влез во ЕУ, во делот посветен за земјоделството има неколку работи кои директно и индиректно го засегаат пчеларството.

Донесувањето на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, според ЕК, е позитивен потег и чекор напред.

Ненавремената исплата кон приватните ветеринарни амбуланти, е причината за проблемите при имплементација на одредени здравствени програми, пишува во извештајот. Секако дека ова се одразува и на пчеларството и многумина наши пчелари веќе се соочиле со ова.

Според ЕК, непознат е ефектот од директните плаќања од 155 милиони евра, субвенции наменети за одржливост, зголемување на продуктивноста и конкурентноста во земјоделството, а тука спаѓа и пчеларството. Оценката за ефектот од субвенциите е нешто што треба Владата во иднина да го направи.

Според извештајот, најмногу заостануваме и најмалку е направено во полето на фитосанитарната политика, каде не се спроведува и применува голем дел од законодавството наменето за оваа област. Тоа, за пчеларството би значело уште долго време користење на неиспитани семиња и садници како дел од медоносната флора, неконтролирано користење и употреба на недозволени пестициди, антибиотици и хемиски препарати штетни по пчелите.

Cheap Live Sex

За Горан Алексовски

Дипломиран земјоделски инженер, хоби пчелар и вљубеник во пчеларството и природата. Пчелари во околината на Скопје со неколку типови на кошници. Постојано отворен за нови знаења и сознанија од светот на пчелите.